Невидено во последните 27 години на Ф1- двајца возачи со идентично време

Британецот Џорџ Расел во Мерцедес го постави најбрзото време на квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Канада.

Британецот Џорџ Расел во Мерцедес го постави најбрзото време на квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Канада, деветтата трка од светскиот шампионат во Формула 1, ја освои својата втора пол-позиција во кариерата на патеката Жил Вилнев во Монтреал со време од 1:12.000.

Британецот возеше точно за исто време како и ѕвездата на Ред Бул, Макс Верстапен, но прв го постави времето.

Ваква ситуација немало од 1997 година и Херез. „Чувството е толку добро, толку многу труд во е вложен во ова. Се надевам дека ова е почеток на нешто за нашата сезона и мислам дека е така. Ми недостасуваше ова чувство“, рече Расел. Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе стартуваат од вториот ред.

Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес е седми, додека дуото на Ферари, Шарлек Леклерк и Карлос Саинц ги зазедоа 11-то и 12-тото место. Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, ќе стартува како 16-ти во генералниот пласман, Верстапен води со 169 бодови пред Леклер (138), а Норис (113) е трет. Трката за Големата награда на Канада се вози од 20 часот.

Осум пациенти се на скопскиот аеродром, ќе се пренесат во Сифија и Варна

Осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна.

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

притисни ентер