Невидено однесување на еден човек по венчавка предизвика лавина коментари на мрежата! (видео) - Канал 5

Невидено однесување на еден човек по венчавка предизвика лавина коментари на мрежата! (видео)

„Можно ли е да го направил ова“? 

Невидено однесување на еден човек по венчавка предизвика лавина коментари на мрежата! (видео)

Едно видео со младенци кои штотуку се венчале и излегуваат од црква стана хит на социјалните мрежи. По венчавката, вљубената двојка излегува од црквата, а гостите ги дочекува со цветни ливчиња кои симнолично ги фрлаат врз младенците со желба тие да имаат убав брачен живот. Парот се „засолнува“ под невестинскиот превез, не осврнувајќи се што се случува зад нивниот грб.

На видеото, се гледа еден постар господин кој едвај чека младенците да заминат за да ја затвори вратата од црквата. Не знаејќи дека го снимаат, намуртено стои зад невестата и чека таа да се помрдне. Бидејќи не може да ја затвори вратата од нејзината раскошна венчаница, видно изнервиран, во еден момент тој ја шутира со нозете венчаницата зад грбот на младенците.

- Ќе излезете ли веќе еднаш? –гласи описот на видеото.

Видеото доби 8.000 „лајкови“ на Фејсбук, и околу илјадници коментари.

- Господинот што ја клоца венчаницата очигледно е некоја многу романтична душа.

- Можеби, едноставно, не му е денот на човекот.

-Сигурно му е преку глава од собирање остатоци од расфрлано цвеќе.

-Што да прави, таква му е работата, а се гледа дека и нему не му се допаѓа.

- Паднав од смеење!

-На секоја венчавка има понекој намќор, тоа ти е!

- Ах, душата ме боли!

- Ова што го прави е невозможно!

-Бог да чува!

- А, господинот уште и работи во црква - беа само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

За настанот е известен јавен обвинител.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го штити интересот на граѓаните, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните.

Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика.

Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата.

Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании.

Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза!

Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап.

СДС молчеше додека Филипче профитираше за време на корона кризата, а пациентите останаа без лекови.

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите.

СДС да не собира политички поени врз здравјето на граѓаните. Тоа е СДС. Расипничкото владеење на СДС и ДУИ го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, а цената ја плаќаа граѓаните.

Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер