СветНевидена снимка: Пилот на кинески воен авион во многу низок лет над плажа (ВИДЕО)На 20 март, корисникот на социјалните мрежи „Х“ објави две видеа на кои се гледа повеќенаменски борбен авион „Шенјанг Ј-16“ на воздухопловните сили на Народна Република Кина како лета над непозната плажа во непознат град.Снимката се издвојува бидејќи леталото се наоѓало на прилично мала височина. Не може да се каже на која точна висина летал, но на снимката се гледа дека бил „рамо до рамо“ со дрвјата во близина на плажата, пишува порталот за вести Defence Blog, пишува Јутарњи. Видеото е прегледано над 130.000 пати на X. 中国空军海滩秀超低空😎 pic.twitter.com/9WDd0tqVeb — DS北风(风哥) (@WenJian0922) March 20, 2025 Defence Blog пишува дека некои набљудувачи ја гледаат снимката како доказ за вештината на пилотот, додека други се загрижени дека тој летал доста ниско. Авионот Sheniang J-16 е дело на производителот на авиони Sheniang Aircraft Corporation (SAC), подружница на кинескиот државен конгломерат за воздухопловство и одбрана Aviation Industry Corporation of China (AVIC). 卧槽!飞得真低😃 pic.twitter.com/vA7FFpyCfj — DS北风(风哥) (@WenJian0922) March 20, 2025 „Шенјанг Ј-16“ може да се вклучи во воздушна борба и да бомбардира копнени цели. Авионот е базиран на високоподвижниот борбен авион Сухој Су-30. Министерството за одбрана на Народна Република Кина не го коментирале предметниот лет.Тагови: авион плажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во ЦентарОпштина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. „Првиот училишен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училишен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите најважни приоритети“, порача Герасимовски. Општина Центар континуирано инвестира во подобрување на условите во основните училишта и во мерки со кои се олеснува образовниот процес за учениците и нивните семејства. „Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна – децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование“, истакна Герасимовски. Бесплатните ранчиња ќе бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар на почетокот на новата учебна година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во ПаризШпанскиот шампион Барселона и европскиот првак Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни. ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата. Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати. Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда. Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз. Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот. Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одморВеќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат. Пет недели. Ниту една посета. Годишен одмор. И кампања против сопствениот народ. Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО. Скопје, 12.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00