Невиден скандал во Турција: Кошаркар го соблече шорцот и направи срамен гест кон навивачите (ВИДЕО) - Канал 5

Невиден скандал во Турција: Кошаркар го соблече шорцот и направи срамен гест кон навивачите (ВИДЕО)

Голем скандал ја тресе турската кошарка, откако срамен гест на еден од кошаркарите беше виден на натпревар од втората лига на натпреварувањето, кој брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Невиден скандал во Турција: Кошаркар го соблече шорцот и направи срамен гест кон навивачите (ВИДЕО)

Имено, на натпреварот од 10-то коло од ТБЛ 2 лигата помеѓу Керасус и Хај Тач, кој му припадна на домашниот тим со резултат 90:85, со што се приближи до ривалот на првото место на табелата, кошаркарот на гостинскиот тим, Огулџан Севим, направи нешто што апсолутно не се прави.

Имено, бидејќи не можеше да прифати дека неговиот тим губи, реши да ги соблече шорцевите пред домашните навивачи и да гестикулира кон нив на овој начин, што секако навивачите на Керасус воопшто не го примија поволно.

Многу брзо по натпреварот, ПР-от на Керасус, Илкер Џараман, изјави дека клубот веќе контактирал со Турската кошаркарска федерација за да може гореспоменатиот играч да биде казнет за несоодветно однесување и срамниот гест.

Инаку, Огулџан Севим речиси го заврши овој натпревар со трипл-дабл, бидејќи имаше девет поени, осум скока и 13 асистенции за 35 минути на теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран во говорот пред Обединетите нации

Додека Трамп од говорницата порачуваше дека или Иран ќе стане подобро место за живеење или ќе го снема од светската мапа, американска и иранска делегација во Њујорк веќе преговараа за мировно решение зад затворени врати, прв пат по три месеци.

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран во говорот пред Обединетите нации

Веста ги затекна и новинарите во Њујорк, кога им ја пренесе самиот Трамп на средбата со Зеленски.

-Состанокот траеше три часа, заврши пред еден час. Беше многу добар состанок. Знаете дека постојат две можности (за Иран) и ги слушнавте во мојот говор денеска. Едната е многу лоша, другата може да доведе до големи нешта за земјата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Нема детали од средбата одржана со посредство на Катар, освен дека учествувале двоецот Витков – Кушнер од американска и шефот на дипломатијата, Арагчи од иранска страна. Главна тема било деблокирање на Ормутскиот теснец, за што Техеран ги испорачал своите барања - укинување на американската поморска блокада и крај на конфликтот на сите фронтови.

-Присуството на нашата делегација во Њујорк беше искористена јасно да се пренесат овие прашања до американската страна. , изјави Есмаил Багхеин, портпарол на иранското МНР.

Нема конкретен напредок и за војната во Украина, освен заложбата да се дојде до мир пред почетокот на зимата. Зеленски е подготвен да ги прекине нападите врз руските рафинери ако тоа го стори и Путин, откако Трамп алармираше дека уништениот руски енергетски систем е главна причина за рекордните цени на дизелот.

-Ние сме подготвени за секаков формат на енергетски прекин на огнот. Ако ние не напаѓаме енергија, мислам на целата енергија, се. Ова е нашиот предлог. Благодарни сме на американската страна, кој ќе го сподели предлогот со руската страна. Јас не ја знам руската позиција. Дали сте подготвени за средба со Путин? Јас сум подготвен. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Мислам дека ќе постигнат договор, не би можел да кажам каков. Разговараме многу за тоа, вклучително и со претседателот Путин. Мислам дека нешто ќе се случи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Ставовите на Трамп искажани вчера за повеќе прашања предизвика неколку делегации да ја напуштат салата. Атмосферата ја вжешти и францускиот претседател Макрон кој демонстративно тропна на говорницата, осудувајќи ги фалбите на американскиот колега дека донел мир во појасот Газа.

-Каков кредибилитет имаме ако продолжиме да остануваме неактивни пред ситуацијата во Газа? Некои се фалат со наводен мир, но тој мир не го овозможи повторното отворање на хуманитарниот пристап ниту за една секунда. Дали треба да го гледаме овој спектакл што треба сите да нè засрами?, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Веста за новата рунда преговори меѓу Вашингтон и Техеран ја намали цената на нафтата од типот Брент, која падна под 100 долари за барел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помлади

Кај најмалку 24 илјади пациенти има Алцхајмерова болест, но нема само еден човек има целото семејство, тоа е живот каде еден член ги губи сеќавањата дека е член на тоа семејство.

Алцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помлади

Во светски рамки, но и во Македонија се во пораст деменциите но и луѓе со симпотми на деменција доѓаат во своите педести години за први симптоми, објаснува доктор Габириела Новотни од клиниката за неврологија.

Во Македонија конкретно се очекува овој процент се очекува да се зголеми за 166 проценти што значи ние сега треба да размилсуваме за идните две децении да имаме добар систем кој што ќе ги прифати новите идни пациенти со современи биомаркери“..

Она што е важно е целата грижа да не биде на товар на членови од семејства. Многу често овие лица се оставени и сами, и гледаме дека се бараат на социјалните медиуми како исчезанти, вели доктрка Новотни. Често не само еден член и другите членови во немоќ имаат депресија и здравствени проблеми. Од работни обврски, обврски кон други членови, а треба да се грижат и за лице кое не може само.

Денешното мото е „Она што останува е љубов, емоција, емпатија“, и здружението и инстиутот за Алцхајмерова болест и неворнаука ќе имаат настан за подигнување на свеста во 18.30 во нардоната канцеларија на претседателот на Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западнонилска треска: Тројца на интензивна нега, нема нови хоспитализации

Четири дена по ред почнувајќи од 19-ти септември нема нови нови хоспитализации поради западнонилска треска.

Западнонилска треска: Тројца на интензивна нега, нема нови хоспитализации

Сепак кај дел од пациентите кои се лекуваат на Инфективната клиника, здравствената состојба и натаму е сериозна.Тројца се на интензивна нега, а двајца од нив се на поддршка.

Министерот Сашо Клековски, вели дека особено неизвесна останува состојбата на еден од пациентите, кој подолг период е во критична состојба и има потреба од поддршка.

Клековски вели дека без разлика дали е прогласена епидемија, мерките на претпазливост остануваат исти – се врши дезинсекција околу местата каде што живеат заболените, а во Скопје е завршено и последното планирано прскање.

Тој посочува дека има општини, особено во Повардарјето, каде што воопшто не се прска и каде е потребна поголема претпазливост иако засега нема регистрирани случаи, Наспроти тоа, заболени има и во општини кои се меѓу оние што најчесто спроведуваат дезинсекција.

За општините кои не постапуваат по обврските и препораките утврдени од центрите за јавно здравје, Клековски смета дека треба да има и казнени мерки.

Според Клековски, потребно е да се анализира и искуството на Грција, каде што значителен дел од случаите се регистрираат во продолжението на Повардарието, и да се утврди кои мерки таму даваат поинакви резултати.

На подолг рок, смета дека треба да се менува и начинот на справување со комарците – во разумен период од три до пет години да се напушти авионското прскање и целосно да се премине на дезинсекција од земја.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер