ЗабаваНевиден скандал! Британците простачки го навредија Новак Ѓоковиќ доживеал сè, но вакво нешто никогаш!Новак Ѓоковиќ и британската спортска јавност некако не одат „рака под рака“ со години, но сега на Островот навистина претераа. Како поинаку да се опише, освен како скандал, кога најголемите медиуми во Англија најдобриот тенисер на денешницата го нарекуваат идиот? Поточно, "ковидиот" И токму тоа го стори „Дејли Меил“, најтиражниот британски таблоид, кој одлучи своите традиционални „алтернативни спортски награди“ на крајот на годината да ги надополни со една нова, посветена на пандемијата во 2020 година. Таа награда, „Ковидиот на годината“ – редакцијата на споменатиот таблоид ја додели на српскиот ас. Еве го нивното објаснување за оваа одлука: „Имаше неколку номинирани за нашата најголема награда,„ Ковидиот на годината“. Секоја недела се случуваше некоја спортска ѕвезда да ги прекши правилата за изолација поради коронавирусот, а предводници беа англиските фудбалери, вклучувајќи ги: Фил Фоден, Мејсон Гринвуд, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Хадсон Одои, сепак, наградата í припаѓа на тениската sвезда, светски рекет број еден - Новак Ѓoковиќ. Само Ѓоковиќ, човекот што предизвикува поделби (?!), може да го забие топчето во судиското лице, да биде исфрлен од УС Опен и да успее таквите настани да не бидат ни близу до неговиот најконтроверзен потег за оваа година. А тоа е кога Србинот ја организираше балканската тениска турнеја Адрија, за време на општата корона-изолација во јуни, поради што стигна на првото место на ранг-листата „Ковидиот“. Во публиката немаше „социјално растојание“ и имаше снимки од забави на кои тенисерите уживаа во шармот на ноќните клубови, па затоа ретко кого изненади што вториот од четирите закажани турнири беше откажан бидејќи вирусот ги покоси натпреварувачите, вклучувајќи го и Новак, чија сопруга Јелена исто така беше заразена. За среќа, сите што беа заразени таму успеаја да закрепнат, а Новак Ѓоковиќ сепак го освои „трофејот“ поради целата ситуација “, се наведува во текстот на „Дејли Меил“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИПратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ. Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ. „Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ. Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“. Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска. Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче. „Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпреварЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЈотова во водство на претседателските избори во БугаријаСпоред излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите . Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook