Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотНевеста во солзи: Првиот свадбен танц не го одигра со мажот, туку со некој многу поваженПосле четири години забавување, Грета Перске се омажи за Тони Хокансон. Наместо со младоженецот, или со својот татко, невестата се одлучи првиот танц да го сподели со човекот кој и го спаси животот.Церемонијата беше убава, но тоа што ги остави гостите во солзи беше нејзиниот прв танц. Наместо со младоженецот, или со својот татко, невестата се одлучи првиот танц да го сподели со човекот кој и го спаси животот. Грета имала 16 години кога и била дијагностицирана леукемија. Ја ставиле на листа на чекање за трансплантација на коскена срж, но нејзината состојба брзо се влошила, и година дена подоцна била во многу лоша ситуација. Меѓутоа, тогаш се појавил Дени Денијелс, човекот кој се решил да ја донира својата коскена срж. Грета и Дени претходно никогаш се немале сретнато, не се познавале и немал причина да помине низ многу болна процедура на вадење на коскената срж. Но тој и неговата сопруга, не така долго пред тоа изгубиле многу мила личност, и се решиле да донираат за да им помогнат на другите. Грета изјави дека не знае дали некогаш ќе може да му се заблагодари, но се реши првиот танц на свадбата да го одигра токму со него. Иако е обичај тој да биде со мажот или таткото, оваа невеста се решила тоа да биде човекот кој и го спасил животот. На сликите јасно може да се види дека Грета била навистина емотивнa во текот на танцот, а Дени признал дека едвај одолеал да не заплаче. Инако, таткото на невестата, подоцна изјавил дека воопшто не му сметало тоа што прв не танцувал со својата ќерка, додавајќи дека пред неколку години не знаел дали Грета ќе успее да проживее доволно за да застане пред матичар. 24-year-old Greta Perske survived leukemia at 16 thanks to a bone marrow transplant from an anonymous donor she'd never... Posted by Jojo Radio on Friday, 30 October 2015 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форумЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “ Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава. На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции. Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ. Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“. Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМинистерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт. Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении. На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји. Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook