Неверојатно, Пабло Ескобар неделно од дрога заработувал 420 мил. долари!! - Канал 5

Неверојатно, Пабло Ескобар неделно од дрога заработувал 420 мил. долари!!

На врвот на својата моќ шефот на колумбискиот нарко картел од Меделин, легендарниот Пабло Ескобар неделно заработувал неверојатно 420 милиони долари, што го прави секако еден од најбогатите нарко босови во историјата.

Неверојатно, Пабло Ескобар неделно од дрога заработувал 420 мил. долари!!
Ескобар дури можел да се го дозволи тој луксуз, годишно да губи по 2,1 милијарда долари без да се грижи поради тоа.

Богатството на Ескобар кој во историјата е позната под прекарот „Кралот на кокаинот“, толку многу и брзо се зголемувало што тој бил принуден парите да ги крие во полето, во ѕидовите од куќите на членовите на неговиот картел, во стари куќи ...

Тоа во својата книга „Приказната на сметководителот. Во внатрешноста на насилниот свет на меделинскиот картел“ го тврди братот на нарко кралот, Роберто Ескобар , кој бил главниот сметководител во нарко кралството.

-Пабло заработуваше толку многу, што секоја година моравме да избришеме десет проценти од парите, поради тоа што банкнотите глувците едноставно би го излезе во старите куќи и по полињата или би биле уништени од водата, изјави братот на Ескобар.

Сумата која одела во заборав изнесувала околу 2,1 милијарда долари годишно.

Ескобар едноставно имал повеќе отколку што можел да замисли и да знае , и не му преставувало никаков проблем ако дел од парите биле изедени од глувци или од влагата.

Хуан Пабло Ескобар, единствениот син на нарко шефот, во едно интервју во 2009 година за магазинот „ Don Huan“ изјавил дека неговиот татко запалил 2 милиони во банкноти само за да се загреат кога биле во бегство.

Инаку според сведочењето на братот на Ескобар , Пабло, меделинскиот картел месечно трошел по 2500 долари на ластичиња за пакување на банкнотите.

На врвот на својата моќ Пабло Ескобар дневно во САД криумчарел неверојатни 15 тони кокаин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин малку омекнува во однос на војната во Украина, велејќи дека би можел да заземе многу поцврст став. 

Трамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)

Тој, исто така, зборуваше за можноста да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на посетата на Кина.

Путин малку омекнува, вели Трамп

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Путин во однос на војната во Украина, Трамп ја даде својата оценка за рускиот претседател.

„Мислам дека малку омекнува. Мислам дека би можел да биде поцврст. Искрено, мислам дека би можел да биде многу поцврст. Верувам дека омекнува“, рече Трамп.

Тој додаде дека верува оти Путин би сакал да види крај на војната.

За Украина ќе се разговара со Путин и Си

Трамп објави дека војната во Украина ќе биде една од темите на неговите претстојни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Ќе разговараме за мојата омилена тема, Украина. Украина ја губи Украина“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине на азиска турнеја.

Тој додаде дека Русија, исто така, претрпе големи загуби во војната.

„Русија губи 25.000 војници месечно. Ќе разговараме за тоа“, тврди американскиот претседател.

Средбата меѓу Трамп, Путин и Си треба да се одржи во кинескиот град Шенжен за време на самитот на АПЕК. Една од главните теми ќе биде нуклеарното оружје.

Трамп ја остави отворена можноста за средба со Ким

Американскиот претседател, исто така, ја објави можноста за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговиот престој во Кина.

„Можеби ќе се сретнеме и со Ким Џонг-ун“, рече Трамп, оставајќи ја отворена можноста за уште една средба.

Трамп и Ким се сретнаа три пати за време на неговиот прв мандат како претседател, последен пат во 2019 година. Оттогаш тие не се сретнале повторно.

Вашингтон се обидува да ги обнови разговорите со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, а евентуалната средба во Кина би можела да го отвори патот за обновување на дипломатските контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови.

Сериозен инженерски предизвик

Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута.

Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата.

За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз.

Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз.

YouTube video

Сите вагони беа празни

Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт.

Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO.

Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот.

Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер