Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
2Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
ЖивотНеверојатно: Два кита спасуваат нуркач од напад на ајкула (ВИДЕО)Нуркачот вели дека два кита побрзале да го „заштитат“ кога ајкулата „агресивно му пришла“.Беноа Жиродо, попознат по неговото уметничко име Нати Гонг, нуркал покрај брегот на Маурициус кога „многу љубопитна“ бела ајкула почнала да плива кон него, објави Дејли Меил. Зачудувачко подводно видео покажува пар орки тешки 45 тони кои навидум брзаат во негова одбрана, спречувајќи ја ајкулата да се приближи. Китовите го опколија Жиродо и почнаа да ја бркаат ајкулата, очигледно обидувајќи се да ја избркаат. По неколку заканувачки гестови, еден од китовите ја гризнал опашката на ајкулата, принудувајќи ја да исчезне назад во длабочините на океанот. Едниот кит ја бркал ајкулата, додека другиот запливал подлабоко во океанот, ставајќи се помеѓу нуркачот и предаторот. Морските истражувачи сметаат дека големите бели ајкули се едни од најопасните за луѓето. Овој вид е познат по тоа што ги напаѓа преживеаните од бродоломи и се сомнева дека е одговорен за бројни смртни случаи поврзани со ајкули. Жиродо, кој ја споделил неверојатната снимка на својата страница на Инстаграм, вели дека нуркал кога ајкулата направила „агресивен пристап“ кон него и „китот веднаш ја блокирал“. „Тој ја бркаше ајкулата со широко отворена уста“, се сеќава тој. „Пред таа да ме измери и да се откаже.“ Втората ајкула, која Жиродо ја идентификувал како „млада женка“, потоа пренесе порака „да ја држи ајкулата подалеку“, рече музичарот. Се чини дека двата кита го забрзуваат темпото, навидум пливаат побрзо додека ја следат ајкулата. „Орка не се откажа и продолжи да ја брка ајкулата“, рече Жиродо. Женката се гледа како „нурка наопаку“ додека се позиционира меѓу него и ајкулата, внимавајќи да го задржи предаторот на површината на водата. Почнала побрзо да плива под ајкулата, пред да ѝ ја гризе опашката - за што Жиродо вели дека било вистинско „изненадување“. View this post on Instagram A post shared by NATTY GONG 🎶 a.k.a Ben'Giro 🇲🇺 (@nattygongofficial) „Ајкулата се обиде да возврати, но јас бев добро чуван“, рече тој. „И другиот кит се врати и двајцата ме опколија.“ Нема официјално документирани случаи на орки кои ги штитат луѓето од напади, но експертите велат дека некои средби - како онаа што ја доживеа Жирадо - укажуваат на однесување што може да се протолкува како заштитно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата РистовНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии. Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева. Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Син осомничен за убиство на татко во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место. Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55