Градинката е во склоп на дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“, а нејзиното пуштање во употреба е планирано во септември со почетокот на новата учебна година.
Освен што кршеле прозорци и врати, сторителите шкртале по ѕидови и испишале одредени имиња на нив.
Настанот се случил пред три дена, во момент кога сторителите без да бидат забележани од службите од училиштето, влегле во објектот и предизвикале повеќе оштетувања. Од мвр велат дека работат на целосно расчистување на случајот.
Градоначалникот на општината Дарко Костовски за Канал 5 кажа дека е причинета сериозна материјална штета.
Тој упати и апел до жителите на Бутел да не прават вакви дела, туку да ги чуваат, како што кажа „светите“ места, каде што се згрижуваат децата.
Поради ваквиот немил настан, градоначалникот кажа дека размислуваат во иднина да ја засилат безбедноста на градинката со чуварска служба во текот на 24 часа.