Неверојатниот Вавринка нов шампион на Австралија опен - Канал 5

Неверојатниот Вавринка нов шампион на Австралија опен

Швајцарецот Станислас Варвинка е новиот крал на тенискиот Грен слем во Мелбурн .

Неверојатниот Вавринка нов шампион на Австралија опен
Феноменалниот Вавринка својата премиерна титула од Грен слем турнирите ја освои со победата над најдобриот светски тенисер Шпанецот Рафаел Надал во големото финале на Австралија опен.

Вавринка со супериорна игра во финалето го декласираше Надал со 3-1 по сетови 6:3,6:2,3:6,6:3.

Извонредниот Швајцарец изминативе неколку дена во Мелбурн ги одигра своите најдобри мечеви во кариерата и на патот кон својот прв Грен слем трофеј беше подобар од двајцата најдобри светски тенисер Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и од стандардниот член на првата десетка Томаш Бердих.

Вавринка беше посебно доминантен во првите два сета . Надал по медицинскиот тајм аут поради болки во грбот се враќа во игра и го добива третиот сет за намалување на предноста на Варинка на 2-1. Но во четвртиот сет Вавринка повторно игра во висок ритам , Надал нема решение за расположениот Швајцарец.

На крајот сосема заслужено Станисал Варинка и се радува на првата титула на Австралија Опен.
Швајцарскиот тенисер по триумфот во Мелбурн од утре ќе биде на третата позиција на АТП листата веднаш зад Надал и Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер