1Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар
Други спортовиНеверојатниот Дагестанец стана нов УФЦ шампион Ислам Макачев е новиот шампион на УФЦ во лесна категорија. Во вториот круг, тој го принуди Чарлс Оливеира да поднесе.Макачев, кој многумина го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, доминираше од почетокот на борбата. До победата дојде кога со десно кроше го собори бразилскиот шампион, а потоа го задави на подот. По ова Макачев ќе се бори со Александар Волкановски, борец кој има 25 победи во 26 борби и е шампион во перо категорија. За 31-годишниот Дагестанец ова е 23-та победа во кариерата. Единствениот пораз го доживеал пред седум години од Адријан Мартинс со нокаут. Оливеира сега има рекорд од 33 победи и девет порази. Наследникот на Хабиб ја забележал својата 11-та победа во низа, со што ја прекина победничката серија на Оливеира од 11 борби. Така Макачев го презеде тронот што до пред две години го држеше неговиот голем пријател Хабиб Нурмагомедов. И двајцата биле тренирани од Абдулманап Нурмагомедов, таткото на Хабиб, кој пред неколку години изјави дека Макачев ќе биде шампион кога Хабиб ќе се пензионира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литарМалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%. Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 42,291 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во КарпошПретставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“Претставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, која се одржа на 18 јуни 2026 година во салата на хотелоте Холидеј Ин во Скопје. На оваа панел дискусија беа присутни претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ, асоцијацијата на приватни градинки, приватниот сектор, како и други релевантни чинители и развојни партнери. Цел на настанот беше да се претстават клучните наоди и модели за системско зајакнување на предучилишното образование преку партнерство и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор ,а беше отворен дијалог за мерките за проширување на пристапот преку различни механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги во предвид и најранливите категории Како заклучок од учесниците на настанот беше потенцирано дека проширувањето на пристапот до образование и грижа во раното детство не е само прашање на инфраструктура, туку бара поширока трансформација на системот. Подобрата координација меѓу централната и локалната власт, градинките и работодавачите, заедно со одржливото инвестирање во квалитет, работна сила и инклузија, ќе бидат пресудни за тоа секое дете да добие најдобра шанса на почетокот на својот живот. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛекарите преку обуки се вклучуваат во борбата против корупцијата во здравствотоПовеќе од 160 лекари, акушери, медицински персонал и други здравствени работници од цела Македонија ќе минат обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи и со тоа да се придонесе во изградбата на поправичен здравствен систем. Станува збор за активност во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ кој го спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. „Борбата против корупцијата треба да почне токму онаму каде што таа најчесто се случува – во здравствените установи. Токму затоа, оваа обука за здравствени работници е една од клучните активности во проектот и очекуваме да придонесе за зголемување на свеста, но и на подготвеноста и вештините на здравствените работници да бидат дел од фронтот за борба против коруптивните практики. Ние веруваме дека тие може да бидат дел од решението, а не дел од проблемот кој го разјадува системот на јавно здравство“, велат од Здружението ЕСЕ. Во рамки на овој процес, минатата недела се одржа обука за обучувачи, на која учествуваа здравствените работници кои ќе ги држат обуките во различни региони во државата. Дел од темите на оваа обука беа етичко постапување во пракса, поврзаноста помеѓу медицинската етика и корупцијата во здравството, родовите димензии на корупцијата и механизмите за пријавување, заштита и институционална одговорност. „Свесни сме дека корупцијата е честа појава во здравството и таа влегува на мала врата, најчесто за да се добие побрза или поквалитетна здравствена услуга. Затоа е важно здравствените работници да играат важна улога во борбата против корупцијата. Најважни принципи во нивната работа се добротворноста, почитување на интересите и правата на пациентите, принципите на правичност и доверливост, како и професионална одговорност. Тие треба секојдневно да ги следат овие принципи и на тој начин да не дозволат да дојде до корупција“, вели професорката Гордана Панова, која беше еден од предавачите на обуката. „Многу е важно да се препознаваат различните видови корупција во здравството, бидејќи во зависност од типот на корупцијата со која се сосоочуваме, ние треба да одбереме конкретни и специфични мерки за таа да се намали или спречи. Постојат различни мерки кога станува збор за давање подароци или плаќање од страна на пациенти или барање пари од здравствени работници, но сосема поинакви мерки кога се работи за корупцијата во јавните набавки. Тоа е нешто со кое што граѓаните не се сосоочуваат директно и немаат увид, но сепак многу сериозно влијае врз квалитетот на здравствените услуги што ги добиваат“, објаснува Лилјана Цветаноска, експертка за борба против корупција. Здравствените работници ја оценија обуката како корисна и применлива во нивната секојдневна работа, особено во делот на препознавање на корупциски ризици, родовите аспекти на корупцијата, сексторцијата, еднаквиот третман на пациентите и механизмите за пријавување и заштита. Здружение ЕСЕ го спроведува проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ со поддршка на Expertise France преку Agence française de développement. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности - обуки на здравствените работници за зајакнување на нивната улога во борбата против коруптивните практики, зголемување на свеста на граѓаните за препознавање и пријавување корупција, како и реформа на политиките и процесите во здравството.Тагови: корупција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36