Неверојатна трансформација на жената со ,,најголеми образи на светот” (ФОТО)

Инстаграм моделот со „најголемите образи на светот“ изгледа сосема поинаку на старите фотографии, и многумина не можат да веруваат дека тоа е истата личност.

Анастасија Покрешчук, 30-годишна девојка од Киев, која неодамна стана вирална поради образите, имала слабо лице и виткана коса во дваесеттите години, пред да потроши повеќе од 12.000 долари на филери и други интервенции.

Првите инјекции на лицето ги добила на 26 години и оттогаш не заприра. „Можеби мислите дека моето лице е преголемо, но мислам дека е премало, треба наскоро да се освежам“, рече Украинката пренесува The Sun.

Анастасија вели дека дури и не знае колку процедури имала на лицето, а на Инстаграм споделува фотографии од нејзината трансформација со повеќе од 230.000 следбеници. Таа исто така открила дека добива бројни пораки на омраза, но се обидува да ги игнорира.

„Луѓето ми рекоа дека сум грда кучка и дека треба да се убијам, но јас само се смеам на тоа и ги игнорирам“, вели таа.

Во јули во британското шоу This morning ,Анастасија им рече на презентерите дека нема намера да застане со полнилата и покрај предупредувањето од лекарот. Но, многу гледачи на шоуто ја критикувале на Твитер, прашувајќи ја што сторила со своето лице, а ваквите коментари се појавија повторно откако објави фотографии на кои се гледа како изгледа пред да почне со постапките.

Португалските угостители штрајкуваат со глад против мерките

Сопствениците на девет ресторани, барови и ноќни клубови штрајкуваат со глад петти ден по ред пред португалскиот парламент во знак на протест против ограничувањата поради епидемијата на коронавирус.

„Потребна ни е поддршка за да преживееме“, рече Алберто Кабрал, менаџер на ноќен клуб..

Демонстрантите, кои кампуваат пред зградата на парламентот и живеат со вода, чај и кафе што им ги носат нивните приврзаници, велат дека нема да јадат додека не бидат примени од премиерот и министерот за економија.

Баровите и ноќните клубови се затворени од март, додека рестораните повторно се отвориле во мај, но затворањето на полицискиот час и викендот, што важи од 8 ноември, ги налути сопствениците кои предупредуваат дека нивниот бизнис нема да преживее оваа година.

На Интернет е покрената петиција со која се бара на сопствениците да им биде дозволено да работат, а досега се собрани скоро 45.000 потписи, а тој број се зголемува за неколку илјади на секој час.

Како компензација за затворањето на рестораните за време на викендот, владата им понудила на сопствениците на ресторани износ од 20 проценти од нивните приходи во периодот од јануари до октомври оваа година.

Екс премиерот Владо Бучковски е именуван за специјален претставник за Бугарија

Поранешниот премиер Владо Бучковски доби задача од Владата да биде специјален претставник во македонско бугарските разговори за надминување на отворените прашања.

Одлуката е донесена на денешната владина седница. Пред Владата е Јана Јосифовска.

Поради пандемијата , автомобилите ги испорачуваат во балони (ФОТО)

Новото нормално подразбира нов начин на доставување автомобили до клиентите.

Барем во Азија каде еден производител одлучи да се пофали со новата практика на испорака на нови автомобили. За да се сведе на минимум можноста за пренесување на инфекцијата, индискиот производител Тата моторс одлучи да воведе испорака на своите автомобили во безбедносни балони.

Ставањето на возилото во пластичен балон ја сведува можноста за ширење на вирусот за време на транспортот на минимум, така што клиентот го зема автомобилот во скоро стерилни услови. Одличен маркетинг потег моментално работи само со избрани дистрибутери и се претпоставува дека ќе стане редовна пракса во блиска иднина, барем кога станува збор за Тата моторс.

Имено, Тата го искористил времето на пандемија да ја обнови својата гама и да лансира нови модели, па на крајот забележале зголемување на продажбата. Со цел испораката да биде што е можно побезбедна за клиентот, тие вовеле комплетна програма за дезинфекција на возилата во синџирот на снабдување, а од декември и транспорт на возила во такви безбедносни „меури“.

притисни ентер