Неверојатна фотографија од вселената – Хабл сними како една галаксија проголтува друга (ФОТО) - Канал 5

Неверојатна фотографија од вселената – Хабл сними како една галаксија проголтува друга (ФОТО)

На најновите фотографии што ги сними телескопот на НАСА, Хабл , се гледа нешто неверојатно- една галаксија како проголтува друга.

Неверојатна фотографија од вселената – Хабл сними како една галаксија проголтува друга (ФОТО)

На фотографијата се гледа како група галаксии под име Кома проголтува една спирална галаксија , која ги испушта во вселената своите остатоци. Долг , тенок мчаз на прашина и гас се протега од средиштето на галаксијата и продолжува да патува низ вселената.

Во еден момент спиралната галаксија Д100 ќе го изгуби својот гас и ќе остане мртов остаток , без материјал за создавање нови ѕвезди , а ќе свети само со слаб сјај на старите , црвени ѕвезди , објаснуваат од НАСА.

,, Оваа галаксија , всушност е екстремен пример на чести случувања во масовните групи галаксии , каде многу често една здрава спирална галаксија , полна со млади ѕвезди , станува црвена и мртва галаксија.” објаснува астрофизичарот Вилијам Крејмер од Универзитетот Јеил во Њу Хејвн , кој раководи со тимот за проучување на податоците од вселенскиот телескоп Хабл.

Галаксијата Д100 влегла во овој процес пред 300 милиони години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Украинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица.

Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути.

Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан.

По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија.

На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер