Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош
2Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЗдравјеНевакцинираните деца за голема кашлица си одат во градинка-кој треба да прогласи епидемијаНема дилема, дали треба одлуката на Центарот за јавно здравје на ниво на град Скопје за прогласување на епидемија и невакцинираните деца да не одат во градинка да не се применува? Таа одлука треба веднаш да се применува од страна на Mинистерството за труд и социјлна политика, според Член 56 од Законот за заштита на населението кога има само едно подрачје тогаш епидемија прогласува надлежниот центар, а не да се чека одлука на влада, вели професорот по епидемиологија Драган Даниловски. „Многу е јасно дека кога Центарот за јавно здравје инфромирал ги потврдил мерките од Комисијата за заразни болести тие мерки веднаш треба да се применат“, вели проф. д-р Драган Даниловски за Канал 5. Даниловски објаснува дека не само во градинките туку и во училиштата треба да се применува неимунизиарни деца да не одат во училиште. Тој се повикува на член 39 од Уставот. Член 39 На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите. Според него во време на прогласена епидемија здравствената заштита треба да биде загаранитринам во целиот систем. „Да децата имаат право на образовние, но притоа родителите треба да ги вакцинираат децата. Зошто оние деца кои не можат да се вакцинираат им се прекршува нивното право за заштита на здравјето, потенцира Даниловски. Даниловски вели дека неодговорноста, неказнивоста на ширење на лажни вести свесно од страна на поединци носи несигурност и страв кај дел од родителите. Дел од родителите кои заради неукост и влијание на лажни вести враќаат болести кога ќе се намали имунизацијата. „Има дел од педијатрите кои свесно ги одвраќаат родителите од вакцина. Тоа е затоа тие не се едуцираат, не читаат и не виделе тешки болести од минатато кои се искоренети со вакцинација и затоа не веруваат во постоењетона болестите“, вели Даниловски. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на ниво на цела територија има 39 случаи на голема кашлица, 33 се во Скопје. Од Министерството за труд и социјлна политика се повикуваат на владина одлука која ја немаат добиено за задолжително примање на вакцинирани деца во градинките. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина КарпошПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности за асфалтирање на улицата „Софиска“ во Општина Карпош.Потоа, предвидено е пешачење до ООУ „Братство“, каде што ќе се постави камен-темелник за изградба на нова спортска сала. По завршувањето на настанот, предвидена е изјава за медиумите.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголеменНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook