3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БалканНеуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часотПарламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часотПретставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово не предложија членови на изборната комисија за тајното гласање. Тие побараа од претседателот, Авни Дехари, да ја врати постапката на јавно гласање и да ја почитува одлуката на Уставниот суд на Косово. Дехари ги прекина сите во говорите со исклучување на микрофонот. Од 107 пратеници присутни на седницата - 56 гласаа за формирање на комисијата. Дехари ја прекина седницата и го најави продолжението за вечерва во 22:00 часот. Како што изјави, ќе се обиде да најде решение и да го конституира парламентот пред да истече рокот утврден од Уставниот суд - а истекува вечерва на полноќ. После тоа, објасни тој, нема можност до 8 август да се продолжи со седницата - што е уште еден рок утврден од Уставниот суд, или како што тој суд ќе утврди што да се прави понатаму. Доколку парламентот не се конституира и денеска, според одлуката на Уставниот суд, од 27 јули до 8 август ќе биде на сила привремена забрана за седниците на Собранието на Косово. Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот ОгненовиќИ по една недела од физичкиот напад вра гинекологот Дејан Огненовиќ нема никаква реакција до јавното обвинителство кон човекот кој го нападнал и му нанаел тешки телесни повреди на Огненовиќ. Од обвинителството објаснуваат дека МВР се уште не поднело пријава. Од СВР Скопје објаснуваат дека превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Гинекологот Огненовиќ објаснува дека неколку пати реагирал до полиција и дал изјави за нападат но досега нема се уште ништо. Инцидентот се случил на 16 септември, најпрво напаѓачот го нападнал вербално дека Огненовиќ крадел пациенти, а потоа бил удиран по вратот. Исто така имало реакција дека во ходникот има камери, а за тоа била известена и управата на поликлиниката Букурешт. Засега од МВР не соопштуваат колку лица биле повикани на разговор во полиција и кога ќе биде поднесена пријавата против напаѓачот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВНОд политички обвинувања – до најава за судска пресметка. Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ, откако партијата го одби нејзиното барање за извинување за тврдењата околу нејзината наводна поврзаност со компанијата Руднап, кои ги објавија на прес конференција пред 2 дена. Тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна ниту приватна релација со фирмата, ниту пак има поврзаност со набавката на ЕВН со која ја поврзува опозициската партија. -„СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.“ – стои во демантот на Божиновска. Од СДСМ, пак, велат – нема ниту повлекување, ниту извинување. Лидерот на партијата, Филипче, уверува дека зад нивните обвинувања стојат документи и податоци од јавни регистри. ,,Нема извинување ние факти и податоци кажуваме. Ги има во централните регистри на сите земји во сите фирми, така да нема бегање од овие работи,извинување нема, ќе има одговорност“ – СДСМ На прес конференцијата пред 2 дена, СДСМ објави дека ЕВН на 11 август склучила договор за набавка на броила за струја, вредни 13,2 милиони евра со српска фирма поврзана со Руднап, каде, како објавија Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмотВо рамките на официјалната посета на Анкара, денеска министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој.Средбата помина во исклучително срдечна и пријателска атмосфера. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Македонија и Турција, како и за потенцијалите за нивно понатамошно продлабочување, особено во областите на културата и туризмот. Министрите ги разменија своите согледувања и планови во врска со делувањето на Културно-информативните центри во Скопје и Истанбул, актуелните проекти, меѓу кои и изградбата на Турскиот театар во нашата држава, како и активностите насочени кон интензивирање на туристичката промоција. Разгледани беа иницијативите што во иднина се очекува да претставуваат силен поттик за развој на врските меѓу двете земји. На средбата беше истакната и успешната соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), преку која во изминатите години се реализирани бројни проекти за непосредна заштита на објекти од културното наследство од османлискиот период. Потврдено е дека во наредниот период ќе се обезбеди поддршка од ТИКА за заштита на уште неколку објекти. Двете држави имаат одлична соработка и во рамките на УНЕСКО, што беше подвлечено со мултинационалните апликации за впишување на две добра на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. Во рамките на официјалната посета министерот Сулејмани го посети Анатолискиот музеј на цивилизациите и оствари средби со личности од јавниот и политичкиот живот во Република Турција, соопштуваат опд Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook