Неуспехот на ракетата на Маск предизвика досега невиден феномен (ВИДЕО) - Канал 5

Неуспехот на ракетата на Маск предизвика досега невиден феномен (ВИДЕО)

Кога џиновската ракета „Старшип“ на Илон Маск беше лансирана во ноември 2023 година, таа беше највисоката и најмоќната ракета некогаш изградена.

Неуспехот на ракетата на Маск предизвика досега невиден феномен (ВИДЕО)

Приближно 2 минути и 40 секунди по лансирањето, моторот „Супер Тежок“ се одвои од вселенскиот брод и експлодираше на надморска височина од 90 километри. Главното јадро на вселенскиот брод продолжи да се искачува на 149 километри и исто така експлодираше.

Но ракетата SpaxeX не само што собори разни рекорди, туку го сруши и самото небо, пренесе Јутарњи.

YouTube video

Имено, научниците откриле дека суровата моќ на ракетата SpaceX привремено ги разделила горните слоеви на атмосферата и создала феномен што никогаш порано не бил виден.

Експлозијата на главното јадро била толку моќна што создала дупка во јоносферата - слој од атмосферата што содржи електрони и електрично наелектризирани атоми и молекули, што е клучно за радиокомуникацијата и сателитските сигнали.

Според научниците, ова е прв пат во историјата катастрофален настан како експлозија на ракета да предизвика дупка во јоносферата.

„Обично ваквите дупки се формираат поради хемиски реакции од горивото во моторот, но ова е прв пат дупка да се формира поради ударен бран од експлозија на вселенски летала“, објасни Јуриј Јасукевич, експерт за јоносфера во Институтот за сончево-терестријална физика на Руската академија на науките.

Користејќи податоци од сателити и копнени опсерватории, научниците ја анализирале дупката, која останала отворена околу 30 до 40 минути пред јоносферата повторно да се затвори.

Тимот на Јасјукевич користел податоци добиени од копнените приемници на Глобалниот навигациски сателитски систем за да истражи точно како експлозијата влијаела на јоносферата.

Овој горен слој од атмосферата на Земјата е претежно составен од плазма - мешавина од неутрални молекули на гас, позитивно наелектризирани јони и слободни електрони, или електрони кои се одвоиле од своите атоми и се слободни да се движат.

Анализата покажала дека експлозијата на вселенскиот брод создала ударен бран што ги расфрлал овие слободни електрони, привремено нарушувајќи ја плазмата и создавајќи „дупка“ во која нормалните својства на јоносферата повеќе не биле забележливи.

Исто така е можно остатоците од гориво кои не изгореле веднаш при експлозијата да реагирале со јоносферските честички, што можеби го забрзало формирањето на дупката и го продолжило нејзиното траење. Сепак, ова не била главната причина за формирањето на дупката, па затоа ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се објасни точниот механизам на нејзиното формирање.

„Со анализа на податоците и разбирање на нивната природа, подобро ја разбравме структурата на јоносферата и природата на феноменот што се појави“, изјави Јасукевич.

Јасјукиевич и неговите колеги ја објавија својата работа минатиот август во списанието „Geophysical Research Letters“.

Експлозии на ракети на SpaceX

Експлозијата од ноември 2023 година не беше првата експлозија на вселенско летало на SpaceX.

Слично нешто се случило за време на првиот пробен лет во април 2023 година. Потоа, во бродот бил вметнат код за самоуништување откако почнал неконтролирано да се врти околу својата оска неколку минути по полетувањето.

Кога се распаднало на парчиња, се наоѓало на надморска височина од околу 30 километри, а остатоците биле расфрлани низ Бока Чика на крајниот југ од американската држава Тексас долж брегот на Мексиканскиот Залив, што било причина за покренување на федерална истрага и тужба од страна на еколошките групи.

Оттогаш, Вселенскиот брод беше лансиран уште седум пати, од кои четири завршија со експлозии.

Оваа година сè уште нема успешно лансирање на „Старшип“.

За време на последните два лета, кои се одржаа на 16 јануари и 6 март, ракетата-носач успешно се врати во базата, каде што беше „фатена“ од држачите на лансирната кула. Сепак, горниот дел од вселенското летало експлодирал 10 минути по лансирањето на двата лета, оставајќи остатоци расфрлани по целата траекторија на летот, а дел паднал на островите Туркс и Кајкос и на Бахамите.

SpaceX моментално се подготвува за следниот пробен лет на ракетата, кој е закажан најрано за 20 мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер