Нетанјаху: Враќањето на заложниците „света и врховна мисија“

Тој додаде дека за заложниците размислува „цело време“.

По средбата со семејствата на Израелците кои ги милитантната група Хамас ги држи како заложници во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна својата посветеност за обезбедување на нивното ослободување, нарекувајќи го „света и врвна мисија".

„Нема да се откажеме додека не се вратат, а тоа е одговорност на мене и на воениот кабинет. Слушав за болката на семејствата. Разговаравме искрено. Споделив со нив колку што можев повеќе за дипломатските, разузнавачките и оперативни напори што ги спроведуваме дење и ноќе“, рече премиерот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека за заложниците размислува „цело време“. „Нема да престанеме да се бориме додека не ги донесеме нашите заложници дома, додека не го уништиме Хамас и обезбедиме дека повеќе нема да има закана од Газа“, рече Нетанјаху./МИА

На француски медицински брод ќе се лекуваат повредените Палестинци

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет.

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет и ќе служи како пловечка болница за палестинските цивили повредени во војната меѓу Израел и Хамас во соседната Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

На бродот Диксмуд има 40 болнички кревети, што претставува дополителни 10 отсто на капацитетот на болничките услуги поставени во пустината на северен Синај, на границата со Газа, изјави француски дипломат за „Тајмс оф Израел“.

Бродот е опремен со хелиодром за да се овозможи брз трансфер на пациенти од египетскиот премин Рафа на бродот.

Планот е Диксмуд биде оперативен во наредните часови или денови, рекол францускиот дипломат, додавајќи дека Париз ги координира напорите со египетските власти и хуманитарните агенции на теренот.

На бродот ќе работат лекари од француското Министерство за одбрана, како и неговата цивилна здравствена санитарна резерва, која за првпат се распоредува во странство.

Ердоган: Израел мора да одговара за воените злосторства извршени во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства што ги изврши во Газа. 

Како што пренесуваат британските медиуми, Ердоган во телефонскиот разговор, пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа, закажан за утре, му кажал на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред меѓународната заедница“.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, како дел од таканаречената „контакт група“ на муслимански земји кои разговараат со западните лидери за Газа, ќе присуствува на утрешниот состанок во Њујорк, соопшти претходно Министерството за надворешни работи.

По нападот на Хамас врз јужниот дел на Израел, на 7 октомври, еврејската држава почна воздушна и копнена офанзива против оваа и другите палестински милитантни групи во Појасот Газа, а досегашниот биланс на жртви е над 13.000 убиени Палестинци.

Му преседнал бурекот од 400 евра, сега ќе му ги вратат парите

Млад доставувач во Љубљана заработи казна од 400 евра, бидејќи бил фатен на скали од црква без маска за време на ограничувањата за Ковид-19.

Јадел бурек кога му пришла полиција. Целата ситуација ја снимила камера, а фотографијата се појавила на социјалните мрежи.

Случајот одекна во јавноста, но сега парите ќе му бидат вратени на момчето (400 евра). Истото важи и за повеќе од 60.000 Словенци кои ги прекршиле мерките за време на пандемијата, јавува Би-Би-Си.

Во период од две и пол години, полицијата изрекла казни од вкупно шест милиони евра, но оваа недела стапува на сила законот за поврат на пари.

Ова ќе го исполни ветувањето на премиерот Роберт Голоб пред да биде избрана неговата партија Движење за слобода минатата година.

Претходната влада на чело со Јанез Јанша воведе строги ограничувања за движење и собири, а во ноќните часови важеше полициски час.

Гладниот доставувач на храна бил еден од многуте казнети поради кршење на правилата за носење маски внатре или надвор.

притисни ентер