Нетанјаху: Признавањето на Палестина е давање на држава на зло, тоа би била терористичка држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше намерата на Норвешка, Ирска и Шпанија да ја признаат независната палестинска држава.

„Намерата на неколку европски земји да ја признаат палестинската држава е награда за тероризмот“, изјави денеска Нетанјаху.

Израелскиот премиер тврди дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег го поддржуваат масакрот извршен на 7 октомври.

„На тоа зло не може да му се даде држава. Тоа би била терористичка држава и ние нема да се согласиме со тоа“, нагласи тој.

Тој додаде дека „наградувањето на тероризмот нема да донесе мир“ и дека нема да го спречи Израел да го победи Хамас.

Решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт предвидува независна палестинска држава која мирно постои рамо до рамо со Израел.

Нетанјаху се противи на решението за две држави, како и палестинското исламистичко движење Хамас, кое што не го признава Израел.

Фото: Бјанка скоро гола во Париз

Контроверзната  Бјанка Сенсори, сопругата на раперот Канје Вест, повторно шокираше со својот стајлинг во јавноста.

Провокативната Бјанка се појави во Париз во најлошото издание досега.

Таа буквално полугола влегла во ресторан. Нејзиниот стијлинг ги шокирал сите присутни.

Бјанка низ улиците на Париз се прошетала скоро гола.

Бјанка излегла на вечера во француската метропола во нешто што изгледа како фустан со „ленти- трегери“ кои ги покривале само нејзините брадавици. Носеше и беж панталони со низок струк кои допираа до нејзините колена.

Секако, по ова издание, социјалните мрежи експлодираа и очекувано стигнаа критики од сите страни.

Видео: Бастијан Швајнштајгер се загледал во облините на Георгина на Роналдо!!

Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел да има проблеми со сопругата славната тенисерка Ана Ивановиќ поради коментарите кои ги дава во живо за време на ЕУРО 2024.

Светската фудбалска легенда е стручен консултант во Германија на емисија посветена на Европскиот шампионат .

Популарниот Швајни во емисија во живо ја коментираше свршениците на капутенот на Португалија, Кристијано Роналдо, бујната Георгина Родригез.

За време на дуелот меѓу Португалија и Чешка, сопругот на екс тенисерката Ивановиќ коментираше снимки од 14. роденден на најстариот син на Кристијано Роналдо за време на преносот на АРД.

Во видеото Георгина облечена во тесно боди и бициклистички , на многу провокативен начин му го подари дресот на Германија на Кристијан Јуниор.

- Нешто се случува таму... Што гледаш? – и вели Бастијан на новинарката Естер Седклачек.

Кога сфатила дека Бастијан не зборува за дресот на Германија, туку за изданието на Георгина, новинарката Естер вели: „О Басти... Во дресот, дресот на Германија!“

Лондон: Илјадници демонстранти бараа заштита на природата и климата

Илјадници луѓе денеска учествуваа на демонстрациите во Лондон поддржани од еколошката организација Extinction Rebellion и WWF, за да ги повикаат политичарите да донесат одлуки кои ќе ги заштитат природата и климата.

Британската актерка Ема Томпсон и британскиот водител Крис Пакам ги предводеа овие демонстрации повикувајќи „секој да се сврти кон природата сега“.

Демонстрантите го напуштиле Хајд паркот во добра атмосфера и пешачеле до министерската област. На демонстрациите, на кои им се приклучија учесници од целата земја, беа вклучени и некои облечени во животински костими.

„Нема живот без диви животни“, „Нема копче за ресетирање“, пишуваше на транспарентите.

„Престанете да бидете толку неодговорни. Не можам да верувам колку не се посветени на климата за време на изборната кампања“, изјави Ема Томпсон обраќајќи им се на политичарите.

Крис Пакам рече дека „не е многу импресиониран од содржината на програмите“ на различните британски политички партии.

„Кога станува збор за решавање на вистинските големи проблеми, нема суштина, посветеност или решителност да се решат. И тоа е навистина разочарувачки“, рече тој.

Демонстрациите се одржаа точно две недели пред парламентарните избори закажани за 4 јули.

Анкетите во пресрет на изборите покажуваат дека лабуристите имаат поголема поддршка, па затоа се предвидува загуба на конзервативците, кои беа на власт во последните 14 години.

притисни ентер