Нетанјаху под баражна критика од мандатарот Лапид и градоначалници од југот на Израел

„Израелските граѓани и повеќето од пограничните области претрпеа силен (ракетен) оган и не добија ништо", напиша Лапид на Твитер, додавајќи дека неуспесите на Нетанјаху се чувствуваат низ целата земја.

Израелската армија денеска соопшти дека во текот на 11-те дена од воената операција наречена „Чувари на ѕидот" убила околу 200 членови на екстремистички организации Хамас и Исламски џихад и уништила околу 100 километри подземни тунели, што тие ги користеле за напади врз Израел.

Меѓутоа, мандатарот за нова израелска Влада, лидерот на партијата на центарот „Јеш Атид", (Постои иднина), Јаир Лапид, го искритикува премиерот Бенјамин Нетанјаху за спроведената операцијата, наведувајќи декаа таа немала ефект.

„Израелските граѓани и повеќето од пограничните области претрпеа силен (ракетен) оган и не добија ништо", напиша Лапид на Твитер, додавајќи дека неуспесите на Нетанјаху се чувствуваат низ целата земја.

Израелските медиуми наведуваат дека Лапид посебно ги споменува градовите со мешано население, каде имало насилство меѓу Евреите и Арапите за време на конфликтот меѓу израелската армија и палестинските организации од Газа.

Градоначалниците на градовите од југот на Израел се приклучија во критиките кон Нетанјаху затоа што тој го прифати договорот за прекин на огнот, што стапи на сила утринава во 2 часот.

-Не разбирам зошто имаме прекин на огнот, нема причина за тоа. Премиерот и владата ја имаа нашата поддршка, има резултати, но тоа не е нешто што ја менува рамнотежата на силите, изјави Алон Давиди, градоначалник на Сдерот, град што е често цел на ракетните напади од Газа, оценувајќи дека се чини дека никој нема да го победи Хамас.

„Израел се ограничи на воздушни напади и артилерија, а со тоа никогаш не се постигнува решителна победа", додаде тој, но, сепак, кажа дека не се залага за војна по секоја цена, туку за враќање во нормалниот живот.

И некои жители на јужен Израел изјавија дека се чувствуваат „како бадијала да минале низ сето тоа".

Градоначалникот на Ашкелон, Томер Глам, чиј град се тресеше речиси постојано од нападите од Појасот Газа, исто така, изрази разочарување од прекинот на огнот.

-Сакавме елиминација на Хамас, но сега знаеме дека тоа нема да се случи, изјави Глам за јавниот сервис Кан.

Ривалот на Нетанјаху, а негов поранешен соработник, Гидеон Сар, лидер на десничарската партија „Нова надеж", прекинот на огнот го нарече срамен, велејќи дека „со најдобрата разузнавачка служба и воздушни сили во светот, Нетанјаху успеа од Хамас да добие безусловен прекин на огнот".

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

Заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивал

Со последните два мурала во Кичево и Скопје е заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на Здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје.

Како што информира Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, во центарот на Кичевската чаршија, на Центарот за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот, како што се наведува, е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности.

- Во соработка со ФРУ - Скопје, идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака), но и ја доловува функцијата на Домот на култура - како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој, се вели во соопштението.

Во март 2024 година во Скопје се реализираше мурал на зградата која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Од ФРУ - Скопје посочуваат дека тоа побудило позитивни чувства и резултирало со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите.

- Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Со овој мурал, фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување, се наведува во соопштението.

Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево), од кои два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода. /МИА

притисни ентер