Нетанјаху по 12 годишно владеење, го попречува формирањето на новата влада

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху се бори против договорот на неговите политички противници - од лево кон десно - кои формираа договор за широка коалициска влада за ставање крај на неговото долго владеење.

„Сите пратеници избрани со десничарски гласови мора да се спротивстават на оваа опасна левичарска влада“, напиша на Твитер Нетанјаху, кој е премиер 12 години.

Тоа е прво јавно појавување на Нетанјаху, лидерот на десничарската Ликуд, против формирање коалиција што синоќа го објави центристичкиот политичар Јаир Лапид, околу 35 минути пред истекот на рокот за состав на владејачката коалиција.

Според договорот, религиозниот националист Нафтали Бенет (49), поранешен министер за одбрана и милионер, ќе биде премиер во првите две години, по што Лапид (57), поранешен телевизиски презентер и министер за финансии, ќе ја преземе премиерската функција.

По четвртите избори во последните две години, одржани на 23 март, Ликуд и неговите сојузници, како и противниците, не освоија мнозинство пратеници.

Во коалицијата предводена од партијата Јеш Атид на Лапид се и Јамин на Бенет (десно), центристичката Сина и Бела на поранешниот министер за одбрана Бени Гантц, партијата Леви Мерец, Лабуристичката партија, секуларната националистичка партија Јизраел Бејтен на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман и Нова надеж на поранешниот министер за образование, Гидеон Саар, отпадник од Ликуд.

Поддршка даде и арапската исламистичка партија Раам.

Партиите имаат малку заедничко освен желбата за соборување на Нетанјаху, кому му се суди за корупција.

Политичките аналитичари очекуваа Нетанјаху да се обиде да ја раскине коалицијата со капитализирање на незадоволството на членовите на Јамин од сојузите со арапските и левичарските пратеници.

Тамар Зандберг, пратеник на Мерец, признал дека било тешко да се формира коалиција.

„Тестот за коалиција треба да се потврди во Кнесетот - нема да помине без груби пречки и проблеми“, рече таа за Радио Арми.

Нетанјаху има 30 пратеници од вкупно 120, скоро двојно повеќе од Јеш Атид на Лапид и е поддржан од најмалку три помали верски и националистички партии.

АФП пишува, цитирајќи го својот извор вклучен во коалициските разговори, дека новата влада ќе се обиде да избегне палење идеолошки прашања, како што е прашањето за припојување на дел од Западниот брег или целосно напуштање на истиот.

Бенет рече дека создавањето независна Палестина ќе биде самоубиство за Израел. Анексијата на делови од Западниот брег е дел од неговата политичка агенда.

Нетанјаху, пак, посочува дека коалицијата Бенет-Лапид ја загрозува безбедноста на Израел.

Дали Хамас ќе ја прифати дарежливата понуда на Израел?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително дарежливата“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа.

„Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно дарежлива од израелска страна“, рече Блинкен на Светскиот економски форум, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој нагласи дека Хамас мора брзо да донесе одлука за понудата.

„Се надевам дека ќе донесат правилна одлука“, рече Блинкен.

Делегација на Хамас денеска престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Во саботата, висок функционер на Хамас, Калил ал-Хаја, рече дека групата го разгледува предлогот на Израел, но не даде детали.

Тој истакна дека понудата на Израел за примирје е одговор на предлогот на Хамас испратен пред две недели.

Светските медиуми објавија дека предлогот предвидува примирјето, доколку биде склучено, да биде претставено како „хуманитарен прекин на огнот“.

Хамас би ги ослободил заложниците во замена за неколкунеделен прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.

Разговорите се во застој за двете главни прашања, Хамас бара израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и детали за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори.

Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и дозволувајќи им на жителите да се вратат на север.

Блинкен денеска отпатува за Саудиска Арабија, каде една од темите на разговор ќе биде војната меѓу Израел и Хамас и повоената иднина на Газа.

Шефот на американската дипломатија ќе разговара со саудиски претставници во Ријад, а ќе има средба и со министрите за надворешни работи на Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив.

Тој ќе се сретне со министрите на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, како и со палестинската управа.

По Саудиска Арабија, Блинкен ќе ги посети Јордан и Израел.

Тренчевска: До 2028 година 70% од децата ќе бидат вклучени во предучилишно воспитание

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена.

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена, но дека знае дека градењето на систем е многу поважно за граѓаните отколку само популистички мерки кои не оставаат долготрајни траги во подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните!

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашите политички опоненти. Од 2017 година до денес, владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци на нашето вложување во Неготино, во градинката „Фемо Кулаков“, објектот „Темјанушка“ каде инвестиравме и ги зголемивме капацитетите овозможувајќи детска заштита за дополнително 161 дете“ рече Тренчевска објаснувајќи ги заложбите на СДСМ за унапредување на детската заштита.

Таа посочи дека до 2028 година опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование ќе се зголеми на 70% и дека патот кон исполнување на таа цел ќе се потврди со отворањето на 14 нови градинки во 2024 година!

Тренчевска истакна дека покрај влогот во најмладите СДСМ вложува и во највозрасните!

„Инвестираме во државни старски домови. Во поголеми пензии. Најниска пензија 20000, просечна 30000 денари. Поголеми плати. Минимална плата 36000 денари, просечна плата 67000 денари. Пoголеми права од социјална и детска заштита за 30%. Нови услуги за највозрасните достапни во сите 81 општина“ изјави Тренчевска.

На крај таа повика сите граѓани да ја заокружат опцијата со број 1 на изборите, затоа што нема друг начин Македонија да чекори напред, се наведува во партиското соопштение.

Ролинг Стоунси ја започнаа американската турнеја со распродаден концерт во Хјустон (ВИДЕО)

Легендарната рок група Ролинг Стоунс вчера со концерт во Хјустон ја започна својата турнеја во Северна Америка.

Според американските медиуми, обожавателите на Стоунс патувале од различни американски градови за да го видат еден од најголемите бендови во историјата на рок музиката, загрижени дека ова би можело да биде нивната последна турнеја, пренесува Ројтерс.

Настапот на Стоунс во Хјустон беше првиот од 16-те претстави што бендот ги планираше низ САД и Канада до јули оваа година.

Британскиот рок бенд, кој беше формиран пред повеќе од шест децении, го отвори своето шоу во Хјустон со песната „Start Me Up“, а фронтменот на бендот, 80-годишниот Мик Џегер, се прошета на сцената во јакна на пруги и сива кошула со светки.

Со Џегер, на сцената излегоа Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (76), преживеаните членови на јадрото на Стоунси.

притисни ентер