Нетанјаху: Палестинската управа не е решението за Газа

„Нема да има Хамас, ние ќе го елиминираме. “

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше палестинската управа откако палестинскиот премиер Мухамед Штаје во изјава за Блумберг изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во управувањето со Газа по војната меѓу Израел и организацијата, пренесе Бета.

-Нема да има Хамас, ние ќе го елиминираме. Фактот дека тоа е предлог на палестинската управа само ја зајакнува мојата политика: палестинската управа не е решението, рече Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми.

Како што пренесе Агенцијата, Рамала соработува со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за планот за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната, иако премиерот Штаје изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во тој процес.

Американски официјални претставници неодамна се сретнале со палестинскиот премиер за да разговараат за планот за повоена Газа.

-Нема да одиме таму според израелскиот воен план. Нашиот народ е таму. Треба да составиме механизам, нешто на што работиме со меѓународната заедница, рече палестинскиот премиер.

Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли идејата палестинската управа да ја води Газа по војната, обвинувајќи ја дека го поддржува тероризмот преку образование, им плаќа на терористите и не ги осудува нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел што ја започна војната. /МИА

Идната недела ќе се знае дали мерката за замрзнати цени на производите ќе продолжи

За помалку од десетина дена истекува мерката за замрзнати цени на дел од основните  прехрамбени  производи – надлежните анализираат, дали ќе се продолжи или не ќе се знае идната недела. 

Во меѓувреме законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на неоправдано високите цени на прехрамбените производи, веќе ги мина двете комисиски расправи, надлежните очекуваат законот до крајот на месецов да биде донесен и на пленарна седница.

„Министерството за економија го анализира движењето на цените на пазарот, следната недела ќе се донесе конечна одлука дали ќе се продолжи мерката или не.“ - Министерство за економија.

Граѓаните разочарани велат и со замрзнатите цени на производите, не можат многу да си дозволат. За да се прехрани едно 4 члено семејство месечно се даваат повеќе од 20 илјади денари.

„Зар не е очигледно, народов прокука од се, какви замрзнати цени. Навидум се така, а уствари ништо. “

„Секојденвно има покачување, разлики има во дуќаните на цените...Со 14 илјади што да напраиме, стурја, лекови, вода тоа...“

„Не се намалени, се е исто. “

Поразговаравме и со пазарџиите. Велат цените на овошјето и зеленчукот тешко да се намалат. Немаме домашни производи, се е увезено, па оттука предвидуваат и раст на цените во иднина.

„Увозна роба има, нема роба, производителот не може да го пушти поевтино, давачките скаппи се. Не може да биде поевтино, може да иде нагоре .... “--изјави трговец на пазар.

Според, последните податоци на ССМ на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните трошоци за живот, месечно му се потреби речиси 1.000 евра.

Според премсетките на синдикатот дури и со најавеното мартовско зголемување на минималната плата, две и пол најниски плати во дражава не можат да ги покријат месечните трошоци на едно 4 члено семејство. А доколку плаќаат и кирија за стан од 60 квадрати, тогаш им се потребни дури и 72 илјади 851 денар, сума кој едвај може да се покрие доколку двајцата родители се со просечна плата од по 38 илјади денари.

Манолева: Заминувањето на Леонид во Виена беше по лично барање на родителите

Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска трвди дека заминувањето на Леонид во Виена било на лично барање на неговите родители, кои не побарале мислење дали рехабилитацијата можела да се направи и во домашните институции..  

Одлуката да не се финансира лекувањето во Виена на Леонид Индов доаѓа по даденото мислење од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ , но и доставената фактура од клиниката во Виена рекоа денеска Генералните директори на ФЗОМ Магдалена Филиповска Грашковска и Асаф Абдурамани . Според нив не било концизно наведено за каков третман стануба збор, односно биле наведени само физикални третмани и што би се очекувало од нив, за што велат дека согласно правилникот не е предвидено финансирсње. На брифингот иако била поканета не присуствуваше претседателката на специјалната комисија која одлучуваше дали државата треба да го финансира лекувањето , а од ФЗОМ велат дека токму од таму треба да одговорат на прашањето каде во Македонија може да му биде обезбедено комплетно лекување на Леонид, со оглед на тоа што во решението беше наведено дека услови за негов третман има и овде. Заменик министерката Маја Манолева кажа дека семејството во овој период не побарало обезбедување на документација за лекување во странство и дека првично треба да се исцрпат домашните ресурси, па доколку нема да се бара рехабилитација и лекување во странство.

Манолева за превозот со хелихоптерот објасни дека доага откако семејството се јавило во ЦУК и побарало транспорт до болницата во Виена. Околу тоа дали може да се очекува предлог измена и проширување на законите, а со самото тоа и на правилникот од ФЗОМ велат дека таа можност не се исклучува. Оттаму додаваат декаб веќе имале состанок со СЗО на кој се разговарале за промена на начинот на финансирање нс здравствениот систем во државата, но и дека доколку се направи измена на законот ќе треба да се доделат и повеќе стедства на фондот, но и да се зголеми здравствената партиципација.

Лекорни: Русите директно му се заканија на француски авион над Црно Море

 Францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорни, денеска изјави дека Русија директно му се заканила на француски авион над Црното Море, пренесе „Политико“.

-Пред еден месец рускиот систем за контрола на летовите се закани дека ќе го собори францускиот авион што леташе над Црното Море, иако патролиравме во меѓународната слободна зона, изјави францускиот министер за радио РТЛ.

Лекорни тврди дека сè поагресивниот став на Русија е резултат на проблемите на бојното поле во Украина.

-Тоа има свои корени од Студената војна и сега гледаме враќање на агресивниот руски став, изјави министерот, додавајќи дека Русија „си игра со границите“.

Руски воен брод неодамна се закотви во Баи де Сена, на северот на Франција, на самиот раб на територијалните води со цел да ја „заплаши“ Франција, коментираше Лекорни.

Францускиот министер денеска за првпат ќе ја посети Ерменија. Ерменија го прекинува својот историски однос со Русија, кој Франција сака да го искористи за да го зголеми своето влијание врз поранешните сојузници на Русија, меѓу кои се Молдавија и земјите од Централна Азија.

притисни ентер