Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
1Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
СветНетанјаху на прес-конференцијата со Мерц: Постои „можност за мир“ на Блискиот Исток, но не и независна палестинска државаИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека на Блискиот Исток постојат „можности за мир“, но повтори дека Израел не прифаќа формирање независна палестинска држава.– Иранската оска е значително погодена, рече Нетанјаху по разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Ерусалим, осврнувајќи се на судирите што го потресоа регионот во изминатите две години. - Веруваме дека постои пат за поширок мир со арапските држави и пат за воспоставување одржлив мир со нашите палестински соседи, продолжи тој. - Но нема да создадеме држава која би била посветена на нашето уништување пред нашите врати, додаде израелскиот премиер. Мерц изјави дека Германија работи „кон целта на нов Блиски Исток“ во кој државата Израел ќе биде призната. Тој нагласи дека формирањето палестинска држава, која би постоела паралелно со Израел, е „најверојатниот пат“ кон таква иднина. Сепак, Мерц рече дека решение со две држави може да се постигне само преку преговори и дека ќе биде „конечен резултат“ од тие разговори. Преговори, додаде тој, се потребни веднаш. Дводржавното решение подразбира истовремено постоење на Израел и независна палестинска држава. Нетанјаху изјави дека првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа е „речиси завршена“, со тоа што телото на само еден заложник се уште се наоѓа во Газа. Тој истакна дека разоружувањето на милитантниот Хамас е предуслов за мировен договор. Според Нетанјаху, втората фаза од планот за прекин на огнот ќе биде потешка за спроведување од првата. Израелскиот премиер предупреди и на опасно обновување на антисемитизмот niz светот. И покрај злосторствата на Хамас врз цивили на 7 октомври 2023 година, неговите знамиња се развејуваат на демонстрации низ светските метрополи, рече тој. – Toa е скандалозно – додаде Нетанјаху. По средбата со Нетанјаху, Мерц рече дека „во моментов не се разгледува можност израелскиот премиер“ да биде поканет во Германија. - Нема причина ова да се разгледува во моментов. Ако дозволи времето, би упатил таква покана, но ова сега не е тема ниту за мене ниту за него, изјави Мерц. Против Нетанјаху е издадена потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во ноември 2024 година поради сомнение за воени злосторства во Појасот Газа – обвиненија кои тој категорично ги отфрла. Израел не го признава судот и бара укинување на потерницата. Нетанјаху изјави дека „секако би бил задоволен“ повторно да ја посети Германија и да одржи разговори со канцеларот во Берлин, но додаде дека во моментов не може да го стори тоа поради потерницата од МКС, остро критикувајќи ја. Jerusalem — Prime Minister Benjamin Netanyahu met with German Chancellor Friedrich Merz at the Prime Minister’s Office. pic.twitter.com/DI2xJNY7uS — ZIONS OF ISRAEL (@Israeli_Sniper) December 7, 2025 Тагови: Бенјамин Нетанјаху Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗакани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија Десетици основни и средни училишта ширум Србија утрово добиле закани за поставени бомби преку електронска пошта, јавуваат дописниците на РТС.Добиени се закани за поставени бомби во 21 основно и средно училиште на подрачјето што го покрива Полициската управа Краљево. Од тој број, 18 училишта се наоѓаат на територијата на Краљево, а три на територијата на Врњачка Бања. Учениците се испратени дома, а полицијата врши антидиверзиони проверки. Закани за поставени бомби добиле и 23 основни и средни училишта во Јабланичкиот округ, потврдија за РТС од Полициската управа во Лесковац. На подрачјето на Полициската управа во Чачак, закани за бомби добиле 20 училишта, додека 17 училишта во Златиборскиот округ исто така примиле такви закани. Закани за бомби се пријавени и во неколку училишта во Шабац. Полицијата е на терен и врши проверки. Во Расинскиот округ, 14 основни училишта добиле закани за поставени бомби. На територијата што ја покрива Школската управа во Ниш, четири основни училишта – едно во Куршумлија, две во Алексинац и едно во Ниш – добија закани за поставени бомби. Екипите за противдиверзиона заштита на Министерството за внатрешни работи (МВР) се на терен, а учениците во Ниш веќе се вратија на настава. Закани за бомби добија и 27 основни училишта во Севернобачкиот округ: 18 во Суботица, седум во Бачка Топола и две во Мали Иѓош. На подрачјето на Полициската управа Пожаревац, 23 основни училишта добија дојави за поставени бомби. Екипите за противдиверзиона заштита на МВР се на терен; повеќето проверки се завршени, а учениците се враќаат во училниците. На териториите на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, 20 основни училишта добија вакви закани. Полицијата е на терен и врши проверки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
МакедонијаВо МНР повикан претставник на Амбасадата на Република БугаријаДенеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи.На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна. Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции. Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација. Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием. На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. ...Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформаМинистерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување. „Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска. Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот. Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор. Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој. „Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска. Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook