3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
СветНетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“. Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран. „Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху. Happy birthday Mr. @POTUS, Happy birthday Donald. This year your birthday comes at an auspicious time. America celebrates 250 years of freedom - a great nation built on liberty and faith. I wish you continued strength and vigor as you lead America towards a bright future of… pic.twitter.com/PEU1hwSSub — Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו (@netanyahu) June 14, 2026 Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГолем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓеГерманските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови. Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови. Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај. You always see these apocalyptic scenes on the news, but you never, ever think it will be the view from your own balcony.... A massive forest fire has been raging in my small town in Germany since yesterday, and the firefighters are still struggling to get it under control 😔.… pic.twitter.com/LfL7ExBBos — Angelika (@Angelika250193) August 14, 2026 Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили. Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш. Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари. Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш. Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија. Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во ГостиварГостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките парОд локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати. Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter