СветНетанјаху: Израел стана најмоќната сила на Блискиот ИстокИзраел стана „најмоќната сила на Блискиот Исток“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на церемонијата за истакнати вработени во безбедносната агенција Шин Бет. Тој нагласи дека Израел целосно го променил балансот на моќ и одвраќање во регионот, објавува „Тајмс оф Израел“. На вчерашниот настан одржан во резиденцијата на претседателот Исак Херцог, на кој присуствуваа самиот Херцог и неодамна назначениот шеф на Шин Бет, Давид Зини, Нетанјаху подетално објасни како според него е постигната таа позиција. „Денеска Израел се смета - и не како претерување - за најсилната сила на Блискиот Исток. Го променивме целиот баланс на одвраќање и моќ“, рече премиерот. „Го постигнавме ова благодарение на непоколебливоста на нашиот народ, нашите војници, нашите команданти, во сите безбедносни гранки и преку правилните одлуки што ги донесовме“, продолжи тој. Нетанјаху посебно ги пофали неодамнешните успеси на Шин Бет во спречувањето на терористички активности, истакнувајќи дека агенцијата успеала да спречи „над 1.200 напади“ и покрај невидените закани. „Придонесот на службата во спречувањето на над 1.200 напади е незамислив... Стигнавме до ситуација каде што имаме најголем број предупредувања за терористички напади што некогаш сме ги виделе, а најмал број на вистински напади“, заклучи премиерот.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter