Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
3Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветНетанјаху: Израел нема да капитулира пред нереалните барања на ХамасИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно го повика Хамас да направи отстапки пред натамошните преговори за нов прекин на огнот и враќање на заложниците кои се држат во Газа, јави ДПА.„Вложуваме големи напори за да успееме, но едно нешто ви е јасно – нема да капитулираме пред нереалните барања на Хамас“, рече десничарскиот политичар во говорот во Тел Авив синоќа. Израел денеска не испрати преговарачки тим на најновите разговори во Каиро со цел постигнување примирје во Газа и размена на заложници кои ги држат милитантите на исламистичката група за палестински затвореници во Израел. Сепак, делегација на Хамас пристигна во главниот град на Египет. Меѓу другото, Израел бара список на заложници кои сè уште ги држи Хамас пред да се согласи да учествува во разговорите со посредство на САД, Египет и Катар. Нетанјаху рече дека е премногу рано да се каже дали ќе има солидна основа за договор во следните неколку дена. Израел, исто така, сака јасност за тоа колку палестински затвореници од Хамас да бидат ослободени за секој ослободен заложник. Според неодамнешните извештаи во странските медиуми, во нацрт-договорот за кој се разговараше последните денови, за 400 Палестинци во израелските затвори би можело да бидат разменети 40 заложници. Но, израелскиот премиер рече дека допрва треба да добие задоволителни одговори за израелската загриженост и го отфрли меѓународниот притисок да склучи примирје со Хамас пред Израел да ги постигне сите свои цели. „Со или без договор, ќе се бориме до целосна победа“, нагласи Нетанјаху.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСкандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведуваЛегендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува. Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син. Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена. Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема. Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства. Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод. За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх. Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштетоОпштина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег. По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето. Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter