Нетанјаху и Галант велат дека сите членови на Хамас се „мртви луѓе кои одат“ - Канал 5

Нетанјаху и Галант велат дека сите членови на Хамас се „мртви луѓе кои одат“

Израелскиот државен врв синоќа соопшти дека сите членови на палестински Хамас се „мртви луѓе кои одат“.

Нетанјаху и Галант велат дека сите членови на Хамас се „мртви луѓе кои одат“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант на прес-конференција кажаа дека изјавата ги вклучува и оние оперативци на Хамас надвор од Појасот Газа.

Галант додаде дека „нема разлика меѓу терорист со калашников и терорист во триделен костим“, што се чини дека е алузија на лидерот на исламскиот екстремистички Хамас, Исмаил Ханија, за кого се верува дека живее во Катар.

Заедно со веста, израелските медиуми објавија фотографија на Ханија од 1 ноември, кога тој на телевизија повика на „политичко решение“ на конфликтот со Израел.

Израелскиот министер за одбрана синоќа кажа дека ИДФ (Израелските одбранбени сили) продолжуваат силно да го напаѓаат Хамас и наскоро ќе почнат да дејствуваат и на југот на Појасот Газа.

Тој објасни дека втората фаза од копнената инвазија е во тек и дека армијата дејствува и на исток, не само на северот на Појасот Газа, и дека Хамас останува без тунели, бункери, контролни пунктови, а дека многу високи команданти се убиени.

Галант процени дека секој ден има се помалку места каде што „терористите на Хамас можат да се движат“ и дека оние што се кријат на југот, каде ИДФ допрва треба да испрати копнени сили, „наскоро ќе го почувствуваат тоа“.

Министерот зборуваше и за семејствата на заложниците киднапирани на првиот ден од нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври и однесени во Газа и рече дека со нив се среќава секоја недела и дека нема поголем приоритет од нивниот враќање.

Галант смета дека Хамас „си игра со емоциите на семејствата и израелската јавност, но дека воениот кабинет е решен заложниците да бидат ослободени“.

„Она што се случи на 7 октомври е полошо од било кој друг феномен во светот во изминатите децении. Тоа е Хамас и Хамас ја разбира само силата“, рече Галант, додавајќи дека е се појасно дека одлуката да се оди во војна за да се уништи Хамас и да се вратат заложниците е правилна.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

притисни ентер