Неста: Модриќ може да игра до 70 години! - Канал 5

Неста: Модриќ може да игра до 70 години!

 Легендата на Милан и на италијанскиот фудбал,Алесандро Неста е воодушевен од игрите на трофејниот Хрват, Лука Модриќ последното засилување на гигантот од Сан Сиро, кој е само девет години помлад од него

Неста: Модриќ може да игра до 70 години!

Неста е симбол на Милан, кој освои две Скудета и Лигата на шампионите во првата деценија од овој милениум. Со оглед на тоа колку е фасциниран од Модриќ, во интервју за „Газета дело Спорт“ беше прашан дали хрватскиот великан го потсетува на времето на Неста во Милан, кога таму беа Сидорф, Пирло, Кака.

Неста одговори: „Го гледам на теренот со задоволство, ме воодушеви. Од времето на Пирло, Сан Сиро немал некој како него. Со него, Милан е сигурно посилен. Тимот го загуби Тео, но се поконкурентни на многу други позиции. Со уште две или три вистински засилувања, станува уште поинтересно: се надевам дека ова е почетна точка. Морам да додадам за Лука дека не мислев дека ќе трча толку многу. Против Наполи постојано излегуваше и се враќаше, ги затвораше линииите за додавање и се враќаше на позиција. Тој има интелигенција каква што малкумина ја имаат, фудбалот е во неговата глава, тоа е она што го издвојува. Додека може да ја шутира топката, може да игра до 70 години.“, истакнал Неста.

Вечерва во дербито Јувентус - Милан се очекува уште една феноменална партија на 40 годишниот Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина,  бара пристап  до сателитската услуга „Старлинк“

Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија.

Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети.

- Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава.

Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. 

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова

Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

Обвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова

ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот.

Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер