МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
3Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЕвропаНесреќа во швајцарски ски-центар: Едно лице загина по пад на кабина од жичница (ВИДЕО)Според полицискиот портпарол во Енгелберг, кабината, која има капацитет за осум патници, во моментот на падот превезувала само едно лице. Едно лице го загуби животот во швајцарскиот ски-центар Енгелберг, откако кабина на жичница се откачи под налетот на силен ветер и падна на земјата, соопшти денеска локалната полиција, пренесувајќи детали за несреќата што се случи на надморска височина од околу 2.000 метри. Според полицискиот портпарол во Енгелберг, кабината, која има капацитет за осум патници, во моментот на падот превезувала само едно лице. По откачувањето, за кое се претпоставува дека е предизвикано од невремето, кабината силно удрила во земјата, по што се лизнала по снежната падина превртувајќи се неколку пати. Инцидентот бил снимен, а видеото беше објавено од швајцарскиот весник „Блик“. Засега нема подетални информации за идентитетот и националноста на жртвата. Horror ongeval met gondel. Zoals deze video laat zien, is een gondellift in het Zwitserse #Engelberg in het kanton Obwalden neergestort. Er staat momenteel een sterke wind in het gebied. Of er personen in de gondel zaten is nog niet duidelijk #20Min 🇨🇭 pic.twitter.com/vfOny8EwK6 — Johanns (Alpen)weer @johannsalpenweer.bsky.social (@Alpenweerman) March 18, 2026 Спасувачката операција била дополнително отежната поради висината и непристапниот терен, поради што бил ангажиран и хеликоптер на швајцарската воздушна спасувачка служба за евакуација на останатите туристи кои биле заглавени во другите кабини на линијата. Веднаш по несреќата, погодената жичница и неколку други лифтови во ски-центарот беа затворени поради безбедносни причини и продолжувањето на силниот ветер.Тагови: Жичницата Швајцарија ски-центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на ЕвропаБегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите. Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаПрекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од КумановоЖителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности. Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја... Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесувањеПретседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување .Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина. Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат. Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка. Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени. Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија. Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада. Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Јуниор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00