О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
1О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
ЗабаваНешто е многу чудно на сликава, но ќе ви треба време да откриете што!На прв поглед ова се 6 обични девојки сликани на плажа. Веќе следниот момент ќе помислите - зошто ни една не се смее. А потоа ќе сфатите дека нешто со сликава не е во ред!Кога ќе завршите со гледањето на девојките, ќе забележите маж зад нив - изразот на неговото лице е еднаков со изразот на лицата на девојките! Значи, неговото лице со фотошоп е префрлено на лицата на девојките! - Ми требаа 9 часа да сфатам! - пишува во коментар на фотографијата еден корсник на Инстаграм. Ова не е прва фотографија која ги зачуди корисниците на интернет. Оваа на пример, исто така на прв поглед е обична фотографија на три девојки на клупа. Но... На што седат? Или девојкава! Забележувате ли што е чудно со неа? Излегува дека има 6 прсти на раката! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БизарноНови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Меѓу контроверзните фотографии се и оние на кои Томас Маркл е прикажан со малолетни деца . Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Според обвинителството, предметните слики вклучуваат фотографии на Маркл со деца кои сè уште не влегле во пубертет. Овој 82-годишник беше уапсен на 6 ноември, откако истражителите открија десетици фотографии, негативи, слајдови и книги што содржат недозволен материјал во еден магацински простор во Лос Анџелес. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со можна затворска казна во траење до 40 години. Во моментов тој се наоѓа во притвор на Флорида, а се очекува да биде префрлен во Лос Анџелес. Маркл претходно ги негираше наводите, тврдејќи дека не поседува такви фотографии. Во меѓувреме, судот утврди дека тој е ментално способен да му се суди. Тој е исто така под истрага на Филипините, под сомнение дека поседувал и имал намера да дистрибуира недозволени фотографии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумитеСекогаш кога сака да го психоанализира СДСМ, Христијан Мицкоски се повикува на Фројд. На денешната прес-конференција, Андреј Жерновски од СДСМ му порача на премиерот да погледне во сопствениот кабинет. Доволно е да ги преслуша своите изјави за Преспанскиот договор и за нарачувањето текстови во медиумите. „Затоа што колку повеќе го споменуваш Фројд, толку појасно станува дека неговите теории најдобро ги објаснуваат токму твоите постапки. Или, ако сакаш попрецизно и подиректно, подобро ќе беше ординацијата да ја побараш во сопствената влада, или поточно, во твојот кабинет“, рече Жерновски. Тој потсети дека Мицкоски во опозиција со години ги убедуваше граѓаните дека со Преспанскиот договор е изгубен македонскиот идентитет, го обвинуваше СДСМ за предавство и ветуваше дека ќе го поништи договорот. Сега, во странство и на англиски јазик, самиот признава дека македонскиот идентитет е зачуван и дека македонскиот јазик е потврден во Обединетите нации. „Дома ќе кажеш дека Преспанскиот договор ги зачува македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, му порача Жерновски на Мицкоски и го повика да им се извини на граѓаните на кои со години им го тврдеше спротивното. Како втор пример, Жерновски ја посочи изјавата на Мицкоски од интервјуто за нарачувањето текстови во медиумите. „Можеме да нарачаме текст каде сакаме, во кој било портал“, го цитираше Жерновски премиерот. „Ех, Мицкоски, да можеше така како што нарачуваш текстови, така да си нарачаш и достоинство, чесност и чист образ“, порача Жерновски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter