Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотНерешеното станбено прашање на ЕвропаЕвропа има проблем со станбеното прашање. Секој Европеец што во последниве години морал да се пресели веројатно се нашол сред истиов кошмар: Куќите и кириите се сè поскапи, сметките за комуналии се сè повисоки, а пазарната понуда на станови е оскудна и треба да се изнајдат сè понезамисливи начини за да се дојде до олку тешко достапниот договор за стан. Европа има проблем со станбеното прашање. Иако Европската Унија нема директна надлежност врз домувањето, Брисел сфаќа дека проблемите растат. Во еден говор на 29 септември, Ден Јергенсен, првиот досега еврокомесар за домување, рече дека кога станува збор за станбеното прашање, станува збор за „самото срце на нашата европска демократија“. – Не само за тули и малтер. Не само за понуда и побарувачка. Станува збор за основните права и достоинство на нашите жители. За сплотеноста на нашите заедници, граѓата на нашето општество, конкурентноста на нашата економија. Низ цела Европа има опипливо чувство на неправда, особено кај младите, рече тој. Брз увид во статистиката: различни ситуации во земјите членки на ЕУ Без оглед чии статистички податоци ги гледаме, показателите посочуваат криза: - Во минатите 15 години, цените на становите се покачиле за 60,5%, според податоците на Евростат објавени во минатиот петок. Унгарија е на првото место, со покачување на цените од 277%, по што следи Естонија (250%). - Само во Италија цените на становите паднале меѓу 2010 и вториот квартал од 2025 - и тоа за 1%. Истото важи и за кириите: Биле покачени во 26 од 27-те земји членки, во просек за 28,8% и до 218% (во Естонија). Само во Грција кириите се намалиле - за 9%. - Во вториот квартал од 2025, цените на становите пораснале за 5,4% во ЕУ, соопшти Евростат. Кириите поевтиниле за 3,2% на годишно ниво. - Во Бугарија, на пример, имало стрмен пораст на цените на становите, од 15,5% (малку помалку од рекордниот пораст од 18,3% во последниот квартал од 2024). Исто и станбените кредити во земјата достигнале рекордни нивоа. Според податоците на Бугарската народна банка, вкупно изнесувале 30,2 милијарди лева (15,4 милијарди евра), што е пораст од 27,4% на годишно ниво. - Во Германија, студентите се особено погодени од покачувањето на кириите, бидејќи киријата по соба во заеднички стан е покачена за 6,2% на годишно ниво, според податоците од 2023. Плата колку да се преживее Сè поголем број домаќинства се соочуваат со станбени трошоци коишто не можат да ги подмират, а нив Европскиот парламент ги дефинира како станбени трошоци повисоки од 40% од приходот што го има домаќинството на располагање. - Според најновите податоци на Евростат, во 2023, 8,8% од жителите на ЕУ потрошиле за домување повеќе од 40% од нивниот расположлив приход. Најмногу од овие жители живеат во Грција (28,5%), а најмалку во Кипар (2,6%). - Во Берлин, една третина од домаќинствата не можат да си дозволат стан под кирија. - Околу 70% од граѓаните поседуваат свој стан. Многу луѓе во Источна Европа имаат сопствен стан, но становите се сè поскапи во западните големи градови. - Во Чешка и Унгарија, на пример, еден просечен стан сега чини околу 13,6 пати повеќе од просечната годишна плата. Португалија е единствената земја во која е уште поскап. Од друга страна, пак, во споредба со другите земји од ЕУ, кириите се пониски само во четири други земји, според рангирањето на Чешката штедилничка банка и порталот „Европа преку податоци“. Динамика на побарувачката: демографија, миграција, урбанизација Како дојдовме довде? Има неколку фактори што придонесуваат за актуелниов притисок врз станбениот пазар. - Промени на населението: Урбанизацијата врши притисок врз градовите. Преселбата во градовите повторно порасна по пандемијата на Ковид-19. - Миграциски текови: И преселбите во рамките на ЕУ и дојденците од трети земји ја зголемуваат побарувачката. - Демографски трендови: Стареењето на населението и смалувањето на домаќинствата (со сè побројни едночлени домаќинства) дополнително ја ослабнуваат понудата. - Трошоци: Сè повисоките трошоци за струја, исто така, ја засилуваат побарувачката на помали станови. А и зголемените каматни стапки ја зголемуваат побарувачката на станови под наем. - Туризам: Платформите за краткорочно изнајмување на станови на туристи, како Ербиенби, ги тераат жителите да си заминат од туристичките центри. Ограничена понуда: тесни грла и правила во градежништвото Некои земји трошат значителен износ од својот БДП на градежништво, понекогаш со добри резултати, понекогаш не. - Тесни грла во планирањето: Како пречки се наведуваат строгото зонирање и долгите процеси на издавање дозволи, како и феноменот „Не во мојот двор.“ Во Франција, градоначалниците велат дека им е сè потешко да постигнат рамнотежа меѓу потребите и противењето. – Парадоксално, речиси секој ден ни се обраќаат жители на кои им се потребни живеалишта, а во исто време добиваме судски тужби од противниците на ширењето на градското подрачје, дури и кога станува збор за изградба на студентски домови, рече Жан Барсегијан, градоначалничката на Стразбур. - Градежништво: Недостигот на работна сила и зголемените трошоци за материјали предизвикуваат застој во градењето. Новите градби во Франција се соочуваат со сериозна криза речиси три години поради зголемените трошоци за градење, повисоките каматни стапки што го попречија купувањето недвижен имот од страна на бројни домаќинства и истекувањето на мерките за поддршка на изнајмување стан. Вкупно, беа издадени одобренија за изградба на 365.179 станови од септември 2024 од август 2025 г., „што е за 14% помалку од просекот во претходните пет години“, според податоците на Министерството за регионално планирање. - Испразнети села и гратчиња: Парадоксално, некои региони имаат прекумерна понуда, но мала побарувачка. На пример, испразнетите населени места во поранешниот комунистички исток на Германија смислија нова шема за враќање на жителите: нудат неколку недели суперевтина кирија за на потенцијалните нови жители да им овозможат да го запознаат местото. Источна Германија би можела да загуби 8-16% од своето население во текот на следните 20 години, според статистичкиот институт Дестатис. - Застарени згради: Половина од станбениот фонд во Европа е изграден пред 1980 година, а голем дел од него треба да се реновира. Многу згради се енергетски неефикасни и усогласувањето на тие куќи и станови со новите стандарди на ЕУ ќе биде скапо и ќе потрае долго, се вели во јунскиот извештај на Европската инвестициска банка. Разноразни политики Земјите членки на ЕУ се трудат да изнајдат сопствени решенија така што или го зголемуваат бројот државни станови, воведуваат даночни олеснувања или ги ограничуваат кириите. На пример, во австриската престолнина Виена, околу една третина од населението добива некакви субвенции за домување. Но во Германија, политиката на ограничување на кириите во Берлин во 2024 г. ја поништи највисокиот суд во земјата. Португалската влада кон крајот на септември усвои низа мерки за справување со кризата со станбеното прашање, кои опфаќаат и пониски даноци за жителите и зголемен данок за купување недвижен имот од страна на граѓани што не живеат во Португалија. Мерките вклучуваат и зголемување на даночните одбитоци за кирија и намалување на данокот за сопствениците на недвижен имот коишто наплаќаат умерени кирии. Ќе има и пониска стапка на ДДВ од 6% за изградба на станови со продажна вредност од околу 648.000 евра, а и стапка на ДДВ од 6% за станови под кирија со максимален износ до 2.300 евра. Овој даночен режим ќе се применува до 2029 г. Владата соопшти и дека соработува со банките за да се изнајдат нови инструменти за пофлексибилен пристап до станбени кредити и градежен капитал. – Ова е ударна политика, оти сакаме да го придвижиме градежништвото и пазарот на недвижен имот за изнајмување, рече премиерот Луиш Монтенегро. Италија лани воведе план за решавање на станбеното прашање, со особена поддршка на младите семејства. На 30-годишна возраст, младите во Италија се едни од Европејците што најдоцна ги напуштаат родителските домови. Според Евростат, просечната возраст во ЕУ е 26,3 години. Вицепремиерот Матео Салвини рече дека биле одвоени средства од 660 милиони евра за повеќегодишна борба против станбените тешкотии, за донесување нови станбени политики и за реорганизирање на постојната понуда. Рече и дека очекува повисоки средства во следниот буџет. Планот предвидува и јавни гаранции за хипотеки за прв стан, бидејќи семејствата во големите градови сè поретко можат да си дозволат да купат стан. Во август, парламентот на Словенија донесе закон за финансирање државни станови за изнајмување, според кој ќе се изградат 20.000 државни станови што ќе се даваат под кирија во следните десет години со помош на 1 милијарда евра државни пари. Државата неодамна донесе и закон со кој се ограничува краткорочното изнајмување, што донекаде би требало да ја зголеми понудата на станови за изнајмување. Европски план за поволно домување На ниво на ЕУ, комесарот Јергенсен планира да започне „План за поволно домување за Европа“ во кој има за цел да ги комбинира активностите на ЕУ со националните, регионалните и локалните напори за обезбедување подмирливи станбени трошоци. Планот предвидува: - Нов бран инвестиции: Ова значи да се удвои поддршката на ЕУ за домување во рамките на политиката на кохезија и да им се олесни на земјите членки, градовите и регионите да насочат повеќе средства од ЕУ кон поволно домување. - Преиспитување на правилата за државна помош и олабавување на ограничувањата на националните трошоци за да им се олесни на владите да поддржуваат проекти поврзани со станбеното прашање. - Мобилизирање на приватни инвестиции. - Нови модели на финансирање и подлабока соработка меѓу државните и приватните инвестиции, вклучително и преку паневропска инвестициска платформа за поддршка на државни станови, студентски домови и поволно домување. - Кратење на бирократијата: намалување на бирократските бариери во планирањето, издавањето дозволи и набавувањето, како на ниво на ЕУ, така и на национално ниво. - Мобилизирање на европските градежни ресурси, иновации и работна сила. - Поддршка за градовите и регионите под притисок. - Фокус на ранливите групи: млади луѓе, семејства и бездомници. - Размена на најдобри практики. - Енергетска ефикасност: модернизација и изолација на станбени згради, намалување на непотребното трошење струја и намалување на комуналните трошоци на жителите. - Вклучување на засегнатите страни: Планот се развива со помош на стручни лица, засегнати страни, народни претставници и граѓани, со отворена покана за придонес и од други. Во однос на станбеното прашање, не постои едно и едноставно решение за проблемот. Треба да се наредат многу работи, а дури и кога планот на ЕУ ќе биде целосно имплементиран, веројатно ќе треба да поминат години за да се видат резултатите. Дотогаш, кираџиите, носителите на хипотеки и купувачите на станови во Европа остануваат под притисок. ЕНР - БриселТагови: Европа станбено прашање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter