Нередовниот сон може да поттикне зачепување на артериите, предупредуваат научниците - Канал 5

Нередовниот сон може да поттикне зачепување на артериите, предупредуваат научниците

Препораката од цели осум часа сон ни е добро позната, но во последниве години, научните истражувања сè повеќе укажуваат дека одржувањето на доследноста на одењето в кревет и будењето е поважно од бројот отспиени часови.

Нередовниот сон може да поттикне зачепување на артериите, предупредуваат научниците

Нова студија објавена во списанието „Журнал на американското здружение за срце“ (Journal of the American Heart Association) ни дава уште една убедлива причина да се фокусираме на создавањето на оваа важна навика, поврзувајќи ги нередовните модели на спиење со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Нередовните обрасци на спиење и здравјето на срцето

Во студијата учествувале повеќе од 2.000 возрасни лица од САД на возраст од 45 до 84 години. Учесниците носеле уред кој ги следел нивните обрасци на спиење седум дена додека биле подложени на низа кардиоваскуларни проценки. Истражувачите анализирале неколку клучни фактори, вклучувајќи калциум во коронарните артерии, што укажува на натрупувањето плаки, и други показатели кои го дијагностицираат степенот на блокада на крвните садови.

Со анализа на податоците е откриено дека нередовните обрасци на спиење, особено времетраењето на спиењето, се поврзани со неколку ризик-фактори за атеросклероза, болест која се карактеризира со стеснување и стврднување на артериите.

Поточно, резултатите покажале дека варијациите во времетраењето на спиењето за повеќе од два часа во текот на истата недела значително ја зголемуваат веројатноста од повисоки нивоа на калциум во коронарните артерии и други абнормални показатели за здравјето на срцето.

Дали доследноста е поважна од времетраењето?

Оваа студија сугерира, кога станува збор за спиењето, дека одржувањето на доследен распоред е исто толку важно како и вкупниот број часови на спиење. Ова не е прв пат нередовните навики за спиење да бидат поврзани со лоши здравствени исходи.

Студија од 2018 година покажа дека нередовните навики за спиење се поврзани со зголемен ризик од дебелина, висок крвен притисок, проблеми со шеќерот во крвта и срцев удар. Истата студија покажа дека луѓето со нередовни навики за спиење имаат поголема веројатност да пријават хронично високи нивоа на стрес и депресија.

Иако ова истражување е прелиминарно, тоа е прво истражување кое директно ги поврзува нередовните навики за спиење со атеросклерозата. Со оглед на тоа што болеста е основна причина во повеќе од 50% од смртните случаи во западниот свет, ова откритие е од исклучителна важност.

Како да создадете конзистентна вечерна рутина

Студијата сугерира дека, за оптимално здравје, не треба да отстапуваме од времето за спиење за повеќе од два часа во рок од една недела. Ова значи дека ако си легнуваме во 22 часот во работните денови, не треба да остануваме будни по полноќ за време на викендите.

Одржувањето на доследноста бара планирање, но создавањето солидна вечерна рутина е одличен начин да се стекне навика да си легнувате во исто време и да се опуштите на крајот од денот. Еве неколку идеи за почеток.

Воспоставувањето рутина за нега на кожата може да биде одличен начин да се оддалечите од екранот и да се опуштите пред спиење. Отстранувањето на шминката, чистењето и хидратацијата на кожата се смирувачки ритуал.

Вашиот внатрешен часовник се регулира со изложувањето на светлина. „Научив дека светлината игра важна улога во регулирањето на мојот циркадијален ритам“, пишува холистичкиот психијатар и доктор по медицина Елен Вора. „Настојувам вистинска сончева светлина да ми влезе што е можно порано наутро“, додава таа. Тоа исто така значи избегнување на силна светлина доцна навечер.

Магнезиумот е познат како минерал за релаксација и е одличен нехормонски додаток за поттикнување на сонот. Многу луѓе имаат недостаток од овој важен минерал, затоа размислете за земање на овој минерал, особено на формулите кои го подобруваат спиењето.

Иако напорното вежбање доцна навечер може да ве разбуди, лесен вечерен час по јога може да го направи спротивното. Обидете се со серија истегнувања за да го подготвите телото за легнување.

Внимавајте на внесувањето кофеин. Ако кофеинот ви се метаболизира побавно, попладневното кафе може да ве држи будни долго по посакуваното време за спиење. Обидете се да го намалите пиењето кафе или чај во исто време секој ден.

Заклучок- новата студија јасно покажува дека неправилните обрасци на спиење се поврзани со атеросклероза. За да постигнете најдобар можен сон и да го одржите здравјето, фокусирајте се на доследноста во легнување и будење, како и на доволниот број часови поминати во кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер