Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
2Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
3Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
2Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ТехнологијаНептун прославува 6-ти роденден на haPPy картичката со големи попусти, подароци и двојно повеќе haPPy поени само на 18-ти јуни!По повод 6-от роденден на haPPy лојалната програма и happy картичката „Нептун Македонија“ овој 18-ти јуни подготви специјална понуда и супер цени за своите купувачи. Со роденденската акција „Нептун Македонија“ им обезбеди на сите лојални купувачи големи роденденски haPPy попусти, 100 подароци за најсреќните haPPy купувачи и двојно повеќе haPPy поени. Како благодарност за неизмерната доверба и лојалност во овие 6 години, на сите haPPy домаќинства, Нептун им подготви возбудливо шопинг искуство на купувачите во сите 25 продажни салони во Македонија. Посетете ги продажните салони, купете по супер цени и до 60 рати, добијте двојно повеќе happy наградни поени на вашата картичка и бидете потенцијален добитник на некоја од 100-те награди! Погледнете го промотивниот каталог од роденденската акција на https://www.neptun.mk/. Покрај роденденска happy card акција, Нептун целиот месец јуни го посвети на купувачите кои се дел од лојалната програма. Токму во овој месец, бројката на издадени happy картички т.е купувачи достигна јубилејна бројка од 300.000. “Ова беше дополнителен повод целиот месец јуни да го посветиме на нашите купувачи. Преку промовирање на дел од нашите happy купувачи лансиравме месечна кампања “Постоиме за нашите happy купувачи” во која носители се дел од нив, добро познати личности од јавниот живот. Актери, спортисти, водители, блогери, влогери, модели се само дел од лицата кои ги претставија категориските промоции. На денот на роденденот ќе претставиме и уште многу наши лојални купувачи кои тој ден ќе бидат најсреќни и ќе добијат подарок од вкупно 100-те подароци кои ги подготвивме. 300.000 издадени картички значи дека исто толку семејства во државава се наши лојални купувачи, ова е јубилеј кој многу нѐ радува. Нашата компанија е ориентирана кон врвно купувачко искуство, како во нашите продавници ширум државата така и онлајн преку нашата веб страна и мобилна апликација. Тоа ни е еден од најважните елементи во работењето. Задоволството и среќата кај нашите купувачи е примарна цел. Со континуирано инвестирање во нашите продавници, во нашите вработени, во огромниот уникатен избор на производи од најпознатите светски брендови сакаме да ги задржиме нашите постоечки купувачи и секако да придобиеме нови. Да се радуваме на сите убави моменти заедно. Повелете во нашите продавници и уживајте во happy шопинг.“ – изјави Никола Митревски – Маркетинг координатор во „Нептун Македонија“. „Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
АвтомобилизамДачија има Трибрид мотори: Дали знаете што значи тоа?Дачија претстави погонски систем наречен Трибрид – а името не е случајно избрано.Поимот Трибрид се однесува на комбинација што интегрира бензински мотор, можност за користење ТНГ (LPG) и хибридна технологија – всушност, три начини на искористување на енергијата во едно возило. Засега, новиот систем е достапен кај моделите Duster и Bigster, конкретно во верзиите со погон на сите тркала. Системот испорачува вкупна моќност од 150 КС, користејќи 48-волтен „благ“ хибриден систем за електрификација. Погонот се заснова на 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор, додека електромоторот – сместен на задната оска – генерира до 31 КС. Оваа конфигурација му овозможува на електромоторот истовремено да ги подобри вкупните перформанси и да обезбеди погон на сите тркала, пренесува RevijaHAK. Со моќноста управува шестстепен автоматски менувач, а возилото достигнува максимална брзина од 180 км/ч. На тој начин, Дачија комбинира неколку технологии што ретко се гледаат заедно: ТНГ, помош од „благ“ хибриден систем и електричен погон на задната оска. Цената е особено интересна. Почетниот модел „Dacia Bigster Tribrid 150 4x4“ чини 29.200 евра, што го прави релативно достапна опција за купувачите на кои им се важни погонот на сите тркала и можноста за користење ТНГ. Засега, Трибрид е достапен кај ограничен број модели, но концептот покажува како Дачија се обидува да комбинира различни технологии без да навлезе во ценовниот опсег на целосно електрифицираните и поскапи SUV модели. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), денеска изјави дека чувствува желба кај Соединетите Американски Држави (САД) и Иран да се вратат на преговарачката маса, додавајќи дека е подготвен да помогне во тој процес. Во интервју за „РИА Новости“, тој оцени дека продолжувањето на преговорите е од суштинско значење и треба да се случи што е можно поскоро. „Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси. САД и Иран моментално одржуваат индиректен контакт преку катарско посредување. Како што претходно објави „Ројтерс“, посредниците одржуваат одвоени консултации со американската и иранската страна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и претставниците на Катар остануваат во САД. Една од главните теми на консултациите беше изменета верзија на седумдневниот план за отворање на Ормускиот Теснец, предложен од Техеран. Иранската нуклеарна програма, исто така, останува клучно прашање во однос на потенцијалното продолжување на дијалогот.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаваријаВладата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата. Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter