Неправедно осуден - Влегол во затвор како тинејџер , излегол старец

Фредерик Клеј излегол од затвор по 36 години ,откако судот утврдил дека е направена грешка и оти тој воопшто не е виновен .

Тој во 1981 година , бил осуден на доживотен затвор за убиство на таксист, што се случило во 1979 година

Двајца сведоци пред судот во Сафок потврдиле дека го виделе Клеј во возилото . Тој многу пати се жалел на пресудата , но безуспешно .

Конечно адвокатот заедно со директорот на комитетот за утврдување невиност докажале дека сведоците го идентификувале Клеј дури откако биле подвргнати на хипноза.

Затоа било одобрено ново судење , а сведочењата против Клеј биле отфрлени .

Пресреќниот Клеј , веднаш по излегувањето од судот во Сафок , каде беше потврдено дека е слободен рече : - ,, Знаете ли дека не сум јадел шницла со сирење од 1978– мата ? “ .

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конферениција на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

притисни ентер