Непозната жена ја уништи целата романтика, влета среде запросување (ВИДЕО) - Канал 5

Непозната жена ја уништи целата романтика, влета среде запросување (ВИДЕО)

Запросувањето од соништата на една млада двојка беше уништено од љубопитна сосетка на плажата.

Непозната жена ја уништи целата романтика, влета среде запросување (ВИДЕО)

Зеника Ланза на ТикТок сакаше да ја покаже романтичната прослава што нејзиното момче ја приреди додека се подготвуваше да ја замоли да се омажи за него. Сепак, работите не одеа баш според планираното.

Да бидеме реални, предлозите на јавни места, особено на плажите се секогаш ризични. Сега веќе вереникот на Зеника поставил шатор со торта, бел чаршаф и десетици перници. На тортата пишува: „Ќе се омажиш ли за мене?“, а во позадина поставил знак со истите зборови.

Кога клекнал на колено, непозната жена упаднала во нивната снимка за да го извади знакот што паднал. Наместо да замине после тоа, таа продолжува да го прекинува специјалниот момент на парот, па дури се чини дека бара да го погледне прстенот додека парот се прегрнува.

@warngwarng

Please be mindful of other people's once in a lifetime event! You never know you're already ruining it 🥹 But i won't have this any other way! I'll redo this all over again 🫶🏼💞

♬ original sound - Zenicca Llanza

„Како брзо да го уништите запросувањето“, напиша Зеника на TikTok. „Ве молам, внимавајте на вакви работи што им се случуваат на луѓето еднаш во животот. Никогаш не знаете дали сте ги уништиле“, порача тиктокерката.

„Првите неколку секунди може да се припишат на добри намери, но остатокот на лоши манири“, „Ми се гади од гледање на ова“, „Ужас, наместо да замине, постојано се плетка“, се само дел од коментари под видеото кое собрало повеќе од 730.000 прегледи на TikTok.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нил

Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“,.

Вкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нил

Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“, што значи дека вирусот го добиле по убод од комарец и развиле тешка форма на болеста. Директорот на Клиниката, инфектологот д-р Фадил Цана, вели дека во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти кои клинички имаат невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, сите се над 60 годишна возраст со живеалиште во Скопје и имаат и други хронични состојби. Д-р Цана потврдува дека за жал нема подобрување кај тројцата пациенти кои беа ставени на респиратор.

Поради локалното присуство на вирусот, алармирани се и матичните лекари кои апелираат - при појава на симптоми како што се висока температура, треска, зашеметеност и конфузност веднаш да се јават на лекар. Иако само мал процент може да имаат тешка форма на болеста, не се исклучува можноста таа да се јави и кај деца, па затоа педијатрите советуваат, дека најмалите треба највеќе да бидат заштитени.

Вирусот Западен Нил не го пренесува само тигрестиот комарец, а во Македонија главен преносител е обичниот домашен комарец, кој се заразува од инфицирани диви птици, а потоа со убод може да го пренесе вирусот на човек. Затоа препораките се освен сите да користат спрејеви или лосиони за заштита од убоди, да не се чува застоена вода во дворовите, а да се носи облека на долги ракави и мрежи за заштита во количните за најмалите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

19 годишник на мотоцикл загинал претпладнето на улица Радишанска во Скопје, при судир со автомобил алфа ромео со италијански регистраски таблички.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

Возачот на мотоциклот починал на лице местоо. Повеќе детали за оваа несреќа има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Мими кога точно се случила сообрачајката и има ли повеќе детали како дошло до неа?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење

Иако анализите покажуваат подобрување, се уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење.

Се уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење

Како што објаснуваат од локалниот кризен штаб, на секои 12 часа се земаат 7 различни мостри од повеќе локации низ градот, кои се испитуваат во три лаборатории. Предизвик останува и високото ниво на хлор по хиперхлорирањето, кое постепено се намалува за да ги достигне дозволените вредности. За водата повторно да биде прогласена за исправна, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов потсетува дека потребни се три последователни анализи со уредни резултати, а конечната одлука вели треба да ја соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Состојбата се подобрува, но водата се уште не е погодна за пиење и за готвење. Секојдневно се вршат анализи, се земаат примероци. Врз основа на тие анализи се носат одлуките, а крајната одлука дали водата е погодна за пиење, односно тргање на забраната треба да ја направи АХВ, која впрочем и ја изрече самата забрана,- Стојанче Ангелов – директор на ДЗС.

Детали од последните резултати, засега не објавуваат од институциите вклучени во контролите, АХВ, Институтот за јавно здравје и ЈП „Водовод“. Министерот за здравство Сашко Клековски претходно најави дека целосната анализа за состојбата со водата во Гостивар се очекува да биде објавена околу 20 август.

Во меѓувреме, продолжуваат и политичките обвинувања на темата. Од СДСМ велат дека институциите задоцниле со реакцијата и бараат одговорност и јавно објавување на резултатите од анализите.

- Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа. Тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат,- Кети Штејрова – СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека опозицијата се обидува политички да профитира од случајот.

-Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми,- ВМРО-ДПМНЕ.

Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство. Одреден е притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители, обвинителството ги сомничи дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа. Освен Обвинителството, предмет по сопствена иницијатива отвори и Народниот правобранител.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер