Непознат маж му оставил 1000 долари бакшиш и поучна порака - Канал 5

Непознат маж му оставил 1000 долари бакшиш и поучна порака

Млад келнер од американскиот град Франкфорт во Илиноис останал без текст откако го видел износот што го добил како бакшиш.

Непознат маж му оставил 1000 долари бакшиш и поучна порака
Деветнаесетгодишниот Брендан Мотли кој работел во еден ресторан за брза храна кога муштеријата почнал да разговара со него за својот живот. Сметката изнесувала 20.13 долари, а мажот му оставил дури 1.000 долари бакшиш.

„Бев во шок. Не можев да се соземам“ – ја опиша момчето својата реакција на богатиот бакшиш.

Мотли изјави дека човекот со кој разговарал бил скромна личност. Тинејџерот, откако го видел износот на бакшишот, веднаш тргнал кон него, но не можел да го најде. Мажот му оставил и порака на сметката:

„Ти благодарам на љубезната услуга. Работиш одлична работа како келнер. Не сум сигурен што посакуваш од животот, но се надевам дека ова ќе ти помогне“.

Мажот исто така напишал дека се надева на мирен соживот меѓу луѓето.

„Светот може да биде многу негативно и насилно место. Добрите дела се прават за другите да знаат дека постои и поинаков начин“ – стои во продолжение на пораката.

Мотли парите ќе ги искористи за студирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театарот од Куманово со претставата „Чичко Кумплунг“ гостува во Драмски

Со претставата „Чичко Кумплунг“ на Театарот од Куманово се заокружува серијата гостувања на националните театри во чест на одбележувањето на 80-годишнината на Драмски театар.

Театарот од Куманово со претставата „Чичко Кумплунг“ гостува во Драмски

Претставата ќе се игра утре на 18 ноември со почеток во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје.

Под мотото „Еден е Драмски!“ годинава беа организирани гостувања на професионалните театри од националните установи во Македонија. Манифестацијата беше замислена како културна платформа на гостувања и средби што ја афирмираа продукцијата на македонските театри. Пред публиката во Драмски во годината на големиот јубилеј настапија ансамблите на националните театари од Битола, Охрид, Велес, Струмица, Турскиот театар од Скопје и Театарот за деца и младинци.

„Чичко Кумплунг“ на кумановскиот театар ја режираше Јани Бојаџи. Претставата е работена по текст на Сашко Насев. „Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996 година. Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и саркастичен лик кој преку хумор, пцовки и „народска филозофија“ ги коментира политиката, секојдневието и апсурдите на времето. Токму поради автентичниот говор и комичните сцени, ликот со години e дел од поп-културата и често се цитира.

Пред премиерата во мај годинава, режисерот Јани Бојаџи рече дека сме затворени во круг од кој 30 години не можеме да излеземе и појасни: „Станува збор за исти карактери, исто време и место на дејствие, исти социјални и политички односи меѓу зет и шура кои се кодошат, исто семејно насилство, исти немоќни мажи кои својот револт, наместо да го покажат таму каде што треба, во општеството и кон политиката, бесот најчесто го истураат дома, врз семејството. Најчесто, поради неспособноста на оваа генерација мажи во овие 30 години да создаде подобра земја и поуспешно општество, сето тоа кулминира со семејно насилство, кое секојдневно е присутно во десетици случаи низ земјата. Ако прашањето е дали нешто се променило од пред 35 години до денес, мојот одговор е, не. Не се променило ништо во тој контекст за кој ние зборуваме, но не можеме да ги игнорираме реалните промени во кои сме напредувале, во многу и сме стагнирале, а во некои сме назадувале“, рече Бојаџи.

Во претставата играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Жарко Јовановиќ.

Драматург на претставата е Зоран Зафировски, сценограф Лазе Трипков, костимографка е Ирена Боневска-Чаловска. Музиката во претставата е на Јани Бојаџи и музичкиот соработник Слаѓан Станишковски. Дизајнер на плакатот е Лазе Трипков. Инспициент е Лила Зафировска и суфлер Виктор Величковски.

Драмски театар и ансамблот на Театарот од Куманово ја покануваат публиката да ја гледа претставата „Чичко Кумплунг“ и да ги поддржат уметниците во обврската да бидат критични прво кон самите себеси, а потоа и кон општеството. Мисијата на театарот треба да биде рефлексија на реалноста, а колку како луѓе и како нација посериозно и поискрено ќе се соочиме со сопственото огледало, толку полесен ќе биде патот кон промените.

Драмски театар Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите

Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. 

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите

Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче и СДС денес немаат одговори, туку молк и бегање од соочување со фактите.

Прво обвинуваа, па самите се најдоа во ситуација да објаснуваат зошто токму во нивно време биле направени чекори поврзани со продажбата на акциите. Ги претставуваа Давор Мацура и Алта банка како спорни, за на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија.

Второ, ширеа приказни за наводна забрана на Алта банка за работа во Европската Унија поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Трето, ја плашеа јавноста со сценарија за пропаѓање на банката и губење на штедните влогови, а откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.

Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата се уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина.

Филипче, доста со политички претстави.

Кој одлучувал? Кој молчел додека се отворала темата за влез на Алта Банка? Кој шири паника? И зошто СДС денес нема храброст сите прашања да се отворат пред јавноста?

СДС не може да ја замени вистината со прес-конференции, ниту сопствената одговорност да ја сокрие зад напади врз други.

Помина времето на СДС и ДУИ кога банки пропаѓаа, а граѓаните беа оставени на цедило. Граѓаните да бидат спокојни ниту една банка нема да пропадне додека е Христијан Мицкоски премиер, а ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. 

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар

За овие прашања, за можностите за економски напредок на регионот, како и за инвестициите во инфраструктурата, зборуваше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој се обрати на 23-от Виенски економски форум.

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

“Наш предизвик, но истовремено и наша задача, е да соработуваме сите економии што ги претставуваме. Без разлика дали станува збор за мојата земја или за која било друга земја од регионот, факт е дека нашите економии се премногу мали за да бидат конкурентни на глобалниот пазар. Дури и целиот регион, гледан како една целина, е премал за самостојно да биде глобално конкурентен. Токму затоа треба да соработуваме. Свесен сум дека тоа не е лесна задача, имајќи ги предвид политичките предизвици, политичкото минато и историското наследство на регионот. Но, и покрај тоа, тоа е задача што мораме да ја преземеме и на која мораме заеднички да работиме” – се обрати Николоски.

Додаде дека вистинското прашање во следниот период е дали земјите од регионот ќе успееме да го подигнеме квалитетот што го нудиме. Тој на форумот ги потенцира развојните проекти што се реализираат во Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура.

“ Што се однесува до железницата, се наоѓаме во многу напредна фаза на подготовка за започнување на работите на проектот за брза железница, која ќе се протега од границата со Грција до границата со Србија. Oчекувам изградбата да започне на пролет. Станува збор за огромен проект, кој ќе биде најголемиот поединечен инфраструктурен проект во Југоисточна Европа, со инвестиција од приближно две милијарди евра.

Во однос на Коридорот 8, успеавме да постигнеме договор со Бугарија за железничкото поврзување. Двете страни веќе работат на реализацијата на проектот. Ние веќе инвестираме околу 810 милиони евра во железничкото поврзување, а Бугарија презема слични активности на своја територија. Во понапредна фаза е автопатското поврзување, каде што двете страни вложуваат значителни напори. Од наша страна, работите се завршени до границата со Бугарија, односно веќе имаме изградено автопат или експресен пат. Заедно со Европската Унија работиме и на западната железничка врска со Албанија.

Кога ќе се соберат сите овие активности, станува збор за инвестиции од приближно пет до шест милијарди евра во овие коридори. Нашата цел е земјата да стане важна крстосница, со што ќе придонесеме не само за растот на бизнисот и економијата, туку и за зајакнување на безбедноста” – се обрати Николоски на глобалниот форум.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер