ЗдравјеНеопходно е зголемување на опфатот со МРП вакцинатаНеопходно е зголемување на опфатот со МРП вакцината, МЗ и УНИЦЕФ почнуваат кампања за да се укаже на ефикасноста на редовните вакцини за деца. Во 2020 години се бележи исклучително низок опфат со МРП вакцината на национално ниво, од 63 отсто за прва доза и 68,5 отсто за втората доза. Министерството за здравство и здравствените установи кои спроведуваат вакцинација, во напорите за засилување на вакцинацијата успеаjа да го зголемат опфатот во 2021 година, така што за прва доза МРП вакцина тој изнесува 70,4 отсто, а за втората доза 80,4 отсто. Но, сепак овој опфат е далеку од потребниот процент од 95 отсто вакцинирани лица за постигнување на колективен имунитет и заштита во заедницата. Ова денеска го истакна министерот за здравство Беким Сали на прес-конференција што се организира, како што рече, во пресрет на Европската недела за имунизација, која традиционално се одбележува последната недела од април, а воедно и да го означат почетокот на заедничка кампања со УНИЦЕФ за потенцирање на важноста на редовната имунизација, како најдобра превентивна мерка за заштита од заболувањата. Се надеваме, посочи Сали, дека ќе допреме до што е можно повеќе родители и ќе ги поттикнеме навремено да ги вакцинираат своите деца. Потенцира дека сите вакцини кои се дел од националниот Календар за имунизација се достапни за секое дете и се клучни за заштита на нивното здравје. – За разлика од 2020 година кога во неколку општини се евидентира опфат под 50 отсто, во 2021 година опфат под 50 отсто се бележи само во Куманово. Воедно, за разлика од 2020 година кога висок опфат се регистрира само во Берово и Пехчево (100 отсто), во 2021 година висок опфат со прва доза МРП, освен во Пехчево (100 отсто) се бележи и во Прилеп 98 отсто, Кочани 95,5, како и во други градови. Инаку, МРП вакцината бележи најнизок опфат, во споредба со сите останати вакцини, така што посебен фокус ставаме на оваа вакцина и заштитата од овие заболувања (мали сипаници, рубеола и заушки), рече Сали. Појасни дека нивна тенденција е да го постигнат препорачаниот опфат од 95 проценти и во соработка со ДСЗИ и здравствените домови почнуваат со активности за засилена теренска работа за повикување на пропуштените деца за вакцинација. – Со кампањата е предвидено и испраќање унифицирана СМС порака на родителите кои ја пропуштиле вакцинацијата на нивните деца, како и засилување на регионалната мрежа на координатори од центрите за имунизација за зајакнување на теренските активности и активно следење и детектирање на пропуштените деца и нивно навремено вакцинирање. Министерството за здравство во континуитет обезбедува вакцини од светски реномирани производители, додаде Сали. Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани рече дека само во последните 60 секунди, редовните вакцини за деца спасиле пет животи, а тоа значи дека уште пет деца во светот се заштитени од смртоносни болести, можат да растат среќни и да водат здрав живот. – Повеќе од два века, вакцините безбедно штитат од болести како детска парализа, мали и големи сипаници, помагајќи им на децата да растат здрави и среќни. Тие спасуваат повеќе од пет животи секоја минута – спречувајќи до три милиони смртни случаи годишно, дури и пред доаѓањето на КОВИД-19. Оваа земја има традиционално високи стапки на имунизација кај децата; сепак, низ годините колебливоста и „инфодемијата" што таа ја поттикнува се покажаа како клучни двигатели за недоволно голем вакцинален опфат. Иако најновите стапки, од 2021 година, ветуваат подобрувања во споредба со 2020 година, ова не е доволно добро, потенцира Ди Џовани. Според неа, најалармантен е националниот опфат со вакцината против мали сипаници, рубеола и заразни заушки (МРП1) за деца на возраст од 12 месеци, што изнесува 70,4 отсто на национално ниво и втората доза на МРП вакцината, наменета за деца на возраст од 6 години, која е 80,4 отсто на национално ниво. Овие стапки, нагласи таа, се значително пониски од опфатот во 2018 година (МРП1 – 74,8 отсто и МРП2 – 93,8 отсто) кога земјата се соочи со епидемија на мали сипаници, која предизвика четири смртни случаи на деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцината. – Ниските стапки на рутинска имунизација предизвикуваат загриженост дека појавата на епидемија на морбили е можна и не смееме да чекаме да се случи за да реагираме. Малите сипаници се едно од најзаразните респираторни заболувања кое може да доведе до тешки, понекогаш и трајни компликации од типот на пневмонија, оток на мозокот, хоспитализација и смрт. Малите сипаници се толку заразни што се проценува дека ќе се заразат 9 од 10 блиски контакти на заразено лице кое не е имуно. Особено се опасни за деца под пет години, рече Ди Џовани. Во пресрет на Европската и Светска недела на имунизација, истакна таа, Министерството за здравство и УНИЦЕФ, започнуваат кампања за дополнително да ја нагласиме безбедноста и ефикасноста на редовните вакцини за деца, како и да ги потсетиме сите за сериозноста на болестите од кои штитат овие вакцини. – Апелираме до родителите и негувателите да им ја обезбедат на нивните деца заштитата што ним им ја обезбедиле нивните родителите во минатото. Во 21-от век не смееме свесно да ги загрозуваме животите на децата и да ги изложуваме на ризик од болести што може да се спречат со вакцини и кои се докажани како безбедни и високоефикасни. Не го одложувајте вакцинирањето на вашите деца. Со секое одложување, ги изложувате на ризик и вашето и другите деца, рече Ди Џовани. Стручното техничко лице на СЗО за имунизација, Горан Кочински рече дека и покрај тоа што борбата против пандемијата на КОВИД-19 сè уште не е завршена, важно е да се потсетат дека какво било нарушување на имунизацијата, макар и за краток период, носи моментален ризик по заедницата и особено по децата од болести што може да се спречат со вакцини. Кога ќе се пропуштат рутински вакцинации, посочи, расте ризикот од епидемии. – Ако рутинската имунизација биде занемарена поради КОВИД-19, последиците ќе се случуваат долго време откако ќе заврши пандемијата. Многу е постигнато досега, а освен тоа и напредокот во контролирањето на многу болести е забрзан изминативе неколку децении, но сепак 2022 година е еден вид раскрсница која носи со себе голем број предизвици. Благодарение на години и години напорна работа во насока на тоа секој да биде заштитен преку вакцинација, сè поблиску сме до елиминирање разни болести како на пример малите сипаници, но за да се заштити овој напредок, мора да се одржува висок опфат на рутинска вакцинација. Во периодот кој претстои СЗО ќе продолжи да ги поддржува напорите на владите за зајакнување на програмите за имунизација, рече Кочински. Потенцира дека Европската недела на имунизација се одбележува во периодот од 24 до 30 април и целта е да се зголеми опфатот со вакцинација преку подигнување на свесноста за важноста на имунизацијата кај родителите, здравствените работници, креаторите на политики/факторите кои одлучуваат и медиумите. – Апелираме до сите луѓе да се осигураат дека и тие и нивните деца ги имаат примено сите пропишани вакцини според Календарот за имунизација. Вакцините обезбедуваат можност и надеж дека сите ние ќе уживаме во поздрав и исполнет живот, а тоа е нешто за што сите треба да се бориме, додаде Кочински. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДСПрви другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа.СДС и Венко Филипче сакаат да се дистанцираат од Александар Вучиќ по поразот на парламентарните избори. Залудни им се обидите да се исперат пред јавноста, затоа што секој во државата знае дека Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски се негови први другари. Додека беа на власт му правеа пречеци со црвен тепих, јавно го фалеа, му се заблагодаруваа и велеа дека со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ градат одлични односи на соработка. Така, во екот на ковид-кризата, Венко Филипче како тогашен министер за здравство, заедно со неговиот ментор Заев, свечено ја пречекуваше донацијата на вакцини од Србија, предводена од Вучиќ, со јавни пофалби и благодарности. И, нормално, недостигот на вакцини во Македонија се случи затоа што од нивната набавка сакаа да ќарат провизија во нивните џебови. Зоран Заев, пак, по објавувањето на разговорите со руските пранкери, во кои зборуваше за Вучиќ, јавно, понизно и со свиткана кичма му се извинуваше на српскиот претседател. Подоцна на гранични премини следуваа големи пречеци, средби и величања на ликот и делото на Александар Вучиќ. Негувањето на блиски, другарски, односи со поранешниот српски претседател го продолжи и следниот премиер и претседател на СДС, Димитар Ковачевски, кој заедно со Вучиќ до раните утрински часови пиеја, пееја и се веселеа. Значи, српскиот свет за кој СДС на чело со Филипче го зборува, го промовираа Венко, Заев и Ковачевски, исто како што ги промовираа и бугарскиот и рускиот свет. Но, никако не станаа промотори на македонскиот, како што не ги штитеа ниту македонските национални интереси, достоинство, култура, јазик, историја. Му слугуваа на кој стигнат, само за свои лични интереси, на штета на интересите на граѓаните и државата, затоа и сега се таму каде што се, во длабока опозиција, со низок рејтинг на граница на статистичка грешка, без доверба од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до ЦрвенковскиПовеќе е смешно да се гледа ова што го прави оваа група платени и уценети поединци. Робови на Мицкоски. Шема со своите шеми. Ќурчиев со своите 1,6 милиони од тендер. Цаци со својот Леонардо. Андреј со Орце Камчев. Алта банка, тендери, осигурување… трговци со оружје. Антимон и дата-центри. ЗНАМ, Максим Димитриевски, руската партија Левица… тоа се луѓето што бараат смени во СДСМ. На крај сега од ормарот го вадат Бранко Црвенковски. Човек што со години работи бизнис со ВМРО, човек што помагаше во правењето на ЗНАМ прва верзија. Мицкоски финансираше. На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека „вади коски од минатото“? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ. Како што гледате, не успеаа. Не ја згаснаа и нема да ја угасат. СДСМ ќе биде и ќе остане и по сите такви ликови. Реформи што се состојат од барање фотеља за послушници и нов логотип. Сè тоа на два листа хартија со седумнаесет потписи. Сè тоа пишувано од декември до денес. Повторно Шилегов и останатите ВМРО аналитичари. ВМРО-Орбан-Вучиќевите портали, началникот Латас. Квази-новинари, домаќини на БИА агенти и организатори на 27 април. До кога со сите нив? Кога повторно се јавува Платформата? Кога откривме дека Вучиќ префрла пари во Македонија преку Алта банка. Дали мислат дека народот ова не го гледа? Ајде еднаш, ајде двапати, ама ова се гледа од авион. Кога се јавува Платформата? Кога откриваме пет нови рудници. Кога откриваме лоби куќи на Вучиќ и Мицкоски и тоа кој ја плаќа ходник дипломатијата. Кога откриваме кој стои зад копањето на антимонот, чии се интересите на дата-центрите. Кога откриваме тендер во железница за Ќуркчиев. Кога откриваме дека Дејвид Гета не е нула, туку 5,53 милиони евра. Кога Фон дер Лајен вели дека е заштитен македонскиот идентитет и јазик. Кога откриваме малверзации на Алта банка со компании и јавни претпријатија. Доста беше! На сите им е јасно. Мицкоски, не можеш да го сокриеш она што доаѓа. Не можеш да побегнеш од својот криминал со твојот ментор Вучиќ. А овие твоиве можат само да работат и да бараат алиби за формирање нова партија, како и ти за избори. На сите им е јасно. Знаеме дека правите ЗНАМ 2.0. Правите затоа што по Црвенковски единственото што не го пробаа е тебе, Мицкоски, да предложат ти да го водиш СДСМ како што ги водиш твоите сателити и управуваш со нив преку далечински управувач направен во Кремљ. Српски и руски служби, Вучиќ и пари од картелот не помагаат. Јасно е. ВМРО паѓа, Мицкоски нема да постои. Отворени истраги во Унгарија и Србија. Почна и веќе се гледа крајот. Сите ќе мораат да излезат пред правдата. Не може да се побегне од вистината. Правдата мора да се задоволи. Крај е за вашата група. Нека ни се јават чесните луѓе што сте ги измамиле и излажале со вашиот лажен, невидлив опозициски фронт. Сите оние што немаат лични интереси и не се поврзани со интересни групи како овие ликови, нека дојдат и заедно со нас и народот нека влезат во борба против криминалната организација ВМРО. Нашите врати се отворени за сите што се за Македонија, а не за сопствениот џеб. Дојдете и бидете дел од Фронтот за вистина и правда! Дојдете да се бориме сите заедно против овие двојки: Орбан-Груевски, Вучиќ-Адамовиќ, Лазаревиќ-Божиновска, како и Мицкоски-Латас. Станете, платформаџии, станете сите заедно, за да ве види целиот СДСМ. Засега го виделе само вашиот резултат од 2024 година. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаПратенички прашања до премиерот и министрите Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00