Неофицијално – Управниот одбор ги разреши двајцата директори на навигација - Канал 5

Неофицијално – Управниот одбор ги разреши двајцата директори на навигација

Надзорниот одбор на М НАВ ја прифатил препораката на Влада за смена на раководството, дознава Канал 5 од неофицијални извори. Од следната недела нови директори ќе бидат Хекуран Асани и Милан Кораќ.

Неофицијално – Управниот одбор ги разреши двајцата директори на навигација

Седницата на надзорниот одбор која започна вчера а продолжи и денеска е завршена, но во понеделник според информациите треба да биде потпишан записникот со што целата документација ќе биде доставена до централен регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори Асани и Кораќ. Како трет директор и понатаму останува Хасим Деари.

Одлуката за смена на раководството односно досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски доаѓа по владиниот предлог по инцидентот од 4-ти јануари кога група од осум лица упадна во зградата на М НАВ. За четири лица судот определи домашен притвор иако обвинителството бараше ефективен. За петиот кој беше уапсен во петок исто така беше определен домашен притвор за што обвинителството поднесе жалба а Кривичен денеска треба да донесе одлука.

Истрагата на обвинителството за овој случај е по кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. До каде е истрагата нови детали нема ниту пак има информација дали во неа е опфатена и агенцијата и лицата кои ја обезбедуваат зградата на М НАВ.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ денека обвинија дека токму оваа фирма која наместо да го спречи упад во М НАВ добила нов договор.

-Наместо веднаш по инцидентот во стратешки државен објект, по ваков напад, да биде прекинат договорот со обезбедување, и да биде отворен предмет за улогата на обезбедувањето во нападот, државата има нов договор со истата фирма. Почитувани, кичевската “2сс”, е првата фирма за обезбедување којашто добива тендер за М-НАВ, а само неколку дена пред бандитизмот на ДУИ во контролната кула, има нов договор со старите, сега сменети, директори- изјави – Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Изминатите денови имаше реакции во јавност и околу вработувањата во М НАВ на роднини на актуелни и поранешни министри и пратеници. А околу тоа како биле реализирани вработувањата, дали е се постапило по законот и огласите за вработување се очекува и извештајот на Државниот инспекторат за труд кој во М НАВ влезе минатата недела.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. 

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс.

Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат.

Истрагата е префрлена во Париз

Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот.

Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“.

Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Поранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. 

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“

За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер