Неофицијално:Приведени сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, Газда на Пуцко П. - Канал 5

Неофицијално:Приведени сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, Газда на Пуцко П.

Сопственикот на нафтената компанија РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол се приведени во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ Неготино и Електрани, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Неофицијално:Приведени сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, Газда на Пуцко П.

Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати, а повеќе информации најавија за утре.

Од МВР велат дека „одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност во координација со обвинителствотот за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителна набавка на деривати, штета од големи размери на буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“..

- Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од обвинителството ја потврдуваат акцијата и повеќе информации најавуваат за утре…

Неофицијално, станува збор за разоткриена мрежа на увозници кои противзаконски испорачувале гориво со низок квалитет, кои се сериозен ризик за здравјето на граѓаните и една од главните причини за зголеменото аерозагадување.

Според првичните информации се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари, или над 160 милиони евра, испумпани преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер