Неочекуван од секој агол, 100% електричен - Канал 5

Неочекуван од секој агол, 100% електричен

Peugeot ја комплетира својата гама на електрични возила со новиот Peugeot e-408:

Неочекуван од секој агол, 100% електричен

PEUGEOT ја комплетира својата гама на електрични возила со новaта целосно електрична верзија на PEUGEOT 408, по лансирањето на plug-in hybrid верзијата во 2022. Новиот PEUGEOT E-408 комбинира неочекуван allure на fastback силуетата со нула емисии, возбудата од моќниот мотор од 157 kW/210 КС и задоволството од електричното возење на PEUGEOT, со опсег до 453 km. Кога станува збор за полнењето, процесот е едноставен со интегриран TRIP PLANNER.

PEUGEOT нуди целосно спокојство на своите клиенти обезбедувајќи за PEUGEOT E-408 гаранција 8 години/160,000 km преку ALLURE CARE програмата.

ALLURE: со fastback силуетата и 100% електричниот мотор, PEUGEOT E-408 нуди навистина уникатна понуда на пазарот.

EMOTION: задоволството од 100% eлектричното возење е засилено со PEUGEOT i-Cockpit® и вградениот TRIP PLANNER

EXCELLENCE: PEUGEOT E-408 ја комплетира гамата на електрични возила на PEUGEOT која е најшироката гама од сите мејнстрим производители на европскиот пазар на електрични возила со вкупно 12 патнички и комерцијални возила.

Со откривањето на PEUGEOT 408 во јуни 2022, PEUGEOT ја донесе allure fastback силуетата на врвот во С сегментот. Неочекувано поинаков, 408 се издвојува со мачкестиот изглед, динамичните линии кои овозможуваат повисока позиција на возење и софистициран дизајн до најситните детали.

Двата електрични погона, PLUG-IN HYBRID 180 КС e-EAT8 и PLUG-IN HYBRID 225 КС e-EAT8, го означуваат првиот чекор на електрификација на 408. Претходно оваа година се приклучи 48V HYBRID 136 e-DCS6 на моделот 408. Новиот PEUGEOT E-408 ја подига стратегијата за електификација на повисоко ниво со погон од 157 kW/210 КС за возење без емисии заедно со 58,2 kWh (употрблива) NMC батерија.

Лансирањето на PEUGEOT E-408,го означува чекорот напред во амбицијата на PEUGEOT да стане лидер за електрични возила во Европа. Новиот PEUGEOT E-408 ќе се произведува во фабриката во Mulhouse и ќе имате придобивки од ALLURE CARE* програмата со гаранцијата од 8 години / 160,000 km која е најдолга од кој било европски бренд.

*во одредени земји

ALLURE: НЕОЧЕКУВАН И ДИНАМИЧЕН FASTBACK ДИЗАЈН

Иновативен и ночекуван fastback дизајн кој совршено се вклопува кај новиот PEUGEOT E-408. Платформа која овозможува целосна електификација без да има влијание врз стилот, динамиката или комфорот во внатрешноста.

PEUGEOT E-408 се базира на E-EMP2 (Eфикасната модуларна платформа), со вкупна должина од 4.69m и широна од 1.85m (со преклопени ретровизори) и со меѓуоскино растојание од 2.79 m. Овие обемни димензии овозможуваат батеријата да се постави под каросеријата, под подот помеѓу тркалата, со што се зачувува просторот во кабината и се намалува центарот на гравитација кај PEUGEOT E-408 за динамично возење и зголемено задоволството при возење.

Оваа архиктетура ја комбинира динамичната елеганција на fastback, однесувањето на патот достојно за најдобрите лимузини и лесно покачената позиција за возење што го подобрува секојдневното уживање, безбедност и удобност.

Мачкаст изглед

Со ширина на возен трап, 1.59 m напред и 1.60 m назад, PEUGEOT E-408 цврсто стои на патот. И покрај тоа што е издигнат, овој модел нуди елегантен и спортски изглед благодарение на ограничената висина од 1.49 m, што ја подобрува аеродинамиката.

Мачкастиот изглед на PEUGEOT E-408 е нагласен со уникатните и остри линии на површината на каросеријата, особено се забележува на задниот дел со задниот спојлер во форма на мачкини уши, капакот на багажникот, и обликот на крилјата, создавајќи остри страни дизајнирани да си играат со светлината.

Страничната заштита на каросеријата и лаковите на тркалата се прошируваат во робусен црн заден браник, кој со дијагонално „сечење“ на бојата на каросеријата ја нагласува динамиката на задниот дел. Големите 19” Graphite фелни со иновативен дизајн добиваат 225-50R19 пневматици со многу низок отпор на тркалање (A+ класа).

Модерен индентитет

Со обработката, решетката во боја на каросеријата кај PEUGEOT E-408 се „претопува“ така што се вклопува во целокупната форма на браникот. Знак за генерациска промена и ера на електификација на гамата на Peugeot.

Индентитетот на брендот е повидлив од кога било преку константното осветлување. На предниот дел се сместени LED многу тенки и ефективни предни светла кои го формираат изгледот на PEUGEOT E-408: смелиот изглед на PEUGEOT. Светлосниот потпис се протега надоле со две LED ленти во форма на лавовски заби кон браникот. На задниот дел, индетитетот на PEUGEOT кој е во форма на три LED лавоски канџи, внесуваат поголема динамика.

Достапни се пет бои за новиотPEUGEOT E-408: бела Okenite, сина Obsession, сива Selenium, црвена Elixir и црна Perla Nera.

EMOTION: ПОВЕЌЕ ОД БИЛО КОГА, ЗАДОВОЛСТВОТО НОСИ НАПРЕДОК

Исклучителна моќност, моментален вртежен момент... 100% електричниот погон кај PEUGEOT E-408 oвозможува целосно уживање при возењето. Ова дополниетлно е подобрено со PEUGEOT i-Cockpit® и однесувањето на патот кои се вистинска традиција кај PEUGEOT.

Уникатно искуство при возење

Врвниот PEUGEOT i-Cockpit® oвозможува исклучителна ергономија. Компактниот управувач го продобрува задоволството при возење овозможувајќи уникатна агилност и прецизност при движење. Позиционирана во висина на погледот на возачот, веднаш зад управувачот, дигиталната инструмент табла вклучува целсоно приспособлив 10” 3D дигитален панел.

Задоволството при возење е во гените кај новиот PEUGEOT E-408, овозможени од радиусот на вртење од раб до раб од 11.18 m. Цврстината на каросеријата е оптимизирана со поврзување на структурните елементи за да се подобри вибрачката удобност.

Перформансите придинесуваат за задоволството при возење

Новиот PEUGEOT E-408 е опремен со синхронизиран електричен мотор со постојани магнети кој испорачува моќност до 157 kW (210 КС) и вртежен момент од 345 Nm. Овој мотор е произведен во франција, во Trémery, со заедничко вложување со STELLANTIS-NIDEC. Редукторот со кој е поврзан е произведен од STELLANTIS во Valenciennes (Франција).

PEUGEOT i-Cockpit® со бројни поврзани услуги*

10” централниот екран со висока резолуција овозможува да го контролирате PEUGEOT i-Connect® Advanced систем, кој доаѓа стандарно кај PEUGEOT E-408 и нуди ефикасна и ефективна TomTom поврзана навигација. За оптимална видливост, мапата може да се прикаже на целиот 10” екран на допир. Што се однесува до ажурирање на системот се врши "over the air", што значи директно преку преносот на податоци преку телеком мрежата.

Ефикасна навигација со TRIP PLANNER и оптимизирани решенија. Системот за навигација вклучува TRIP PLANNER кој оптимално планира рути за да го оптимизира опсегот на возилото и да го поедностави полнењето. За да се пресмета идеалната рута, системот зема во предвид бројни информации, вклучувајќи го растојанието кое треба да се помине, нивотo на наполнетост на батеријата на почетокот, посакуваното ниво на наполнетост на батеријата по пристигнувањето, брзината, потрошувачката енергија, сообраќајот, видот на патот, надморската височина и секако достапноста на станици за полнење во близина на дестинацијата.

e-Routes by Free2move Charge апликацијата е достапна и во возилото со поврзување на паметниот телефон со PEUGEOT i-Connect® системот. Ги оптимизира сите патувања со пресметување на најдобрата рута врз основа на опсегот на возилото, локацијата на станицата за полнење , сообраќајните услови, дестинацијата на која треба да патувате и тн.

Функцијата за прикажување на телефонот која го поврзува паметниот телефон со инфозабавниот систем во возилото е безжична (Apple CarPlay/Android Auto), а возможно е и поврзување на два телефона истовремено преку Bluetooth. Четирите USB-C приклучоци ја комплетираат поврзаноста на PEUGEOT E-408.

Целосно приспособливите i-toggles распореднени под централниот екран како отворена книга, обезбедуваат уникатно естеско и технолошко ниво во сегментот. Секој од 5-те приспособливи i-toggles овозможуваат брз пристап на допир до поставките за контрола на клима уредот, телефонски контакт, радио станица, стартување апликација, конфигурирано по избор на корисникот. Ова може да се приспособи за секој возач со до 8 приспособливи профили.

Сојузник при секојдневните патувања за поголема безбедност и едноставност, "OK PEUGEOT" контролата со препознавање на гласот со природен јазик овозможува пристап до сите инфозабавни функции и ChatGPT. Како и кај сите најнови модели на PEUGEOT така и кај новиот PEUGEOT E-408 е интегрирана генеративната вештачка

интелегенција ChatGPT, која одговара преку гласовна контрола на сите барања, како што се туристички информации или генерирање забавен квиз за да се задржи вниманието на децата за време на патувањето...

MyPEUGEOT® апликацијата за паметни телефони е особено практична и овозможува:

Започнување или планирање на претходно поставување на температурата. Покрај удобноста оваа функција овозможува, кога возилото е прликлучено, да го оптимизира опсегот (побрз пристап до поставената температура за време на фазите на стартување со предвидување на оптималната работна температура на батеријата).

Cледење, планирање, започнување или одложување на полнењето на батеријата.

Aктивирање на низа светла за добредојде, на пример, лоцирање на автомобилот кога паркингот е полн.

Нешто за сите

Достапни се plug-in hybrid мотора кај PEUGEOT 408:

PLUG-IN HYBRID 225 e-EAT8: погон на 2 тркала / комбинација на 180 КС (132 kW) турбо мотор и 81 kW eлектричен мотор заедно со 8-степен e-EAT8 автоматски менувач / моментално се под хомологација.

PLUG-IN HYBRID 180 e-EAT8: погон на 2 тркала / комбинација од 150 KС турбо мотор (110kW) и 81kW eлектричен мотор заедно со 8-степен e-EAT8 aвтоматски менувач / моментално е под хомологација.

Литиум-јонската батерија кај двете plug-in hybrid верзии имаат какацитет од 12.4kWh. Достапни се два типа на вградени полначи: 3.7kW еднофазен полнач како стандард и 7.4kW еднофазен полнач како опција.

Потребно време за полнење:

На 7.4kW ѕиден полнач (32 A) и со 7.4kW еднофазен вграден полнач за целосно полнење потребно е 1 час и 40 минути.

На засилен приклучок (14 A) и со 3.7kW еднофазен бграден полнач за целосно полнење е потребно 3 часа и 55 минути.

На стандарден приклучок (8A) и со едофазен вграден полнач (3.7kW) за целосно полнење е потребно 7 часа и 05 минути.

Еден hybrid мотор е достапен кај PEUGEOT 408:

HYBRID 136 e-DCS6: погон на 2 ткала / комбинација од 136 КС турбо мотор (100kW) и 48V батерија споено со 6-стпен e-DCS6 автоматски менувач.

PEUGEOT HYBRID 48V системот се сотои од најновата генерација на 136 КС бензински мотор надополнет со 6-степен менувач со двојна спојка и кој работи заедно со електричен мотор. Благодарение на батеријата која се полни додека возите, оваа технологија обезбедува дополнителен вртежен момент при ниски вртежи и намалување на потрошувачката на гориво до 15% (5.2 l/100 km според WLTP комбиниран циклус**). При возење во градски подрачја, новиот 408 Hybrid 136 e-DCS6 може да вози до 50% од времето во 100% eлектричен режеим без емисии.

Јасна и едноставна гама

Новиот PEUGEOT E-408 е достапен во две нивоа на опременост: Allure и GT

Новиот PEUGEOT E-408 е достапен во две верзии: Allure и GT.

PEUGEOT E-408 Allure доаѓа со опрема како стандард: LED предни светла, 19'' aлуминиумски фелни, PEUGEOT i-Cockpit® со 10'' дигитална инструмент табла, поврзана навигација со TRIP PLANNER, OK PEUGEOT гласовно контролирање, безжично поврзување на телефонот преку Apple CarPlay/Android Auto, аудио систем со 6 звичника, функција за греење на возачкото седиште и управувачот, двозонски клима уред, камера за возење наназад и сензори, топлотна пумпа.

PEUGEOT E-408 GT покрај опремата како кај Allure верзијата доаѓа стандардно и со: Matrix LED предни светла, предни паркинг сензори, PEUGEOT i-Cockpit® со 10'' 3D дигитална инструмент табла, алуминиумски облоги во внатрешноста со прилагодливо амбиентално светло во 8 бои, алуминиумски прагови на вратите, hands-free врата од багажникот, Drive Assist Plus пакет (полу-автономно возење ниво 2), и тн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Тврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан.

Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал.

Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред.

Што содржеше објавата

На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат.

Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена.

Обвинителството нареди истрага

Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс.

Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“.

„Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој.

Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц.

Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно.

Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Срам за нашата земја“

Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија.

„Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.

Американски претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијата

Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс.

„За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен.

Што ќе се случи со окупираните територии?

Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања.

Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас.

Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања.

Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата.

Безбедносни гаранции за Украина

Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки.

Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена.

Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер