ТехнологијаНеобична прашина е откриена на камењата на МесечинатаМесечината е речиси целосно покриена со прашина.За разлика од прашината на Земјата, оваа прашина не се измазнува од ветерот и времето, туку е остра и исто така електрифицирана. Тоа е предмет на проучување уште од ерата на „Аполо“ од доцните 1960-ти. Сега, за прв пат, меѓународен истражувачки тим откри неправилни карпи на површината на Месечината кои се покриени со прашина и веројатно имаат посебни својства - како магнетни аномалии, пишува EurekAlert. Најзначајното откритие е дека само мал број карпи на Месечината имаат слој од прашина со многу посебни рефлектирачки својства. На пример, прашината на овие новопронајдени карпи ја рефлектира сончевата светлина поинаку отколку на веќе познатите карпи. Овие нови откритија им помагаат на научниците да ги разберат процесите што ја формираат и менуваат површината на Месечината. Познато е дека постојат магнетни аномалии на површината на Месечината, особено во близина на регионот наречен Рајнер Гама. Меѓутоа, прашањето дали камењата можат да имаат магнетни својства никогаш не е истражено. Истражувачите првично биле заинтересирани за скршените карпи. Користејќи вештачка интелигенција, тие пребарале околу милион снимки. Алгоритмот идентификувал околу 130.000 интересни камења, од кои половина биле испитани од научниците. „Набљудивме карпа со екстремно темни области на само една слика. Таа карпа беше значително различна од сите други, бидејќи фрла помалку светлина назад кон Сонцето. Сметаме дека тоа се должи на структурата на прашината, густината и големината на зрната“, вели Отавијано Риш од Институтот за планетологија на Универзитетот во Минстер. „Типично, лунарната прашина е многу порозна и рефлектира многу светлина назад во насока на осветлувањето. Меѓутоа, кога прашината е компактна, целокупната осветленост обично се зголемува. Ова не е случај со овие карпи“, додава Марсел Хес од Техничкиот универзитет во Дортмунд. Научниците планираат дополнително да ги истражат процесите кои водат до интеракции помеѓу прашината и карпите и до формирање на специјални структури од прашина. Меѓу овие процеси се кревањето прашина поради електростатскиот напон и интеракцијата на сончевиот ветер со локалните магнетни полиња. Покрај бројните други меѓународни мисии на Месечината, НАСА ќе испрати автоматски ровер, мобилен робот, во регионот Рајнер Гама во наредните години за да пронајде слични видови карпи со специјална прашина. Дури и ако е само сон за иднината, подоброто разбирање на движењето на прашината може да помогне во планирањето на човечкото населување на Месечината. На крајот на краиштата, од искуството на астронаутите знаеме дека прашината носи многу проблеми, како што е контаминација на просторот за живеење (вселенските станици) и техничката опрема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СкијањеЛиндзи Вон откри што ѝ извадиле од ногатаСветската скијачка ѕвезда, Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата, по девет операции, луѓето се шокирани од она низ што поминува таа.Една од најдобрите светски скијачки во историјата, Линдзи Вон имаше деветта операција, при што од ногата ѝ беа извадени плочки и шрафови. Неа ја очекува тешко закрепнување по повредата што ја заработи на Зимските олимписки игри. 42 годишната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тешка повреда на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо, од која сè уште се опоравува. Оттогаш, Вон имала дури девет операции, а при последната од нив, лекарите ги извадиле сите плочки и шрафови од нејзината нога. А ги имало навистина многу. Како што истакна Линдзи, операцијата поминала добро и закрепнувањето се одвива во вистинска насока, но таа девет месеци трпела неподносливи болки поради одлуката повторно да се натпреварува на Олимписките игри во својата петта деценија од животот – таа едноставно „горела“ од желба да освои уште еден медал. За жал, таа претрпе сериозна повреда при судир со порта, при што дојде до оштетување на предните вкрстени лигаменти. Веднаш била примена во болница во Италија, а потоа закрепнувањето го продолжила во САД, каде што сега ѝ беше извршена операцијата. Лекарите конечно ги извадиле сите плочки и шрафови, а таа објави кратко видео кое ги шокираше нејзините следбеници: „Сето ова го извадија од мојата нога“, напиша Американката, чија десна нога е во завои. Деветтата операција не значи дека закрепнувањето е завршено; најверојатно ја очекуваат уште неколку месеци во кои ќе се обиде да ја врати флексибилноста на ногата. Сепак, останува прашањето дали таа некогаш ќе биде истата како порано – како и дали повторно ќе се натпреварува во скијање. „Мојата лева нога всушност закрепнува многу добро. Сè уште немам преден вкрстен лигамент, па ќе биде неопходно да се извади металот од ногата и таа да се санира. Проблемот е во мојот десен скочен зглоб. Тој е сè уште скршен, но веќе не боли толку многу“, изјави таа за „Спортс Центар“ пред неколку недели, признавајќи дека минува низ многу тежок период во својот живот – можеби најтешкиот во нејзината кариера, која е една од најголемите во историјата на овој спорт. „Во овој период научив многу за трпението. Мислев дека веќе знам нешто за тоа, но навистина поминав низ многу искушенија. Чувствував дека напредокот е многу бавен, иако работев напорно. Коските не заздравуваат на ист начин како лигаментите, а јас не бев навикната на тоа.“ Инаку, Линдзи Вон се повреди на Светскиот куп пред Зимските олимписки игри, но сепак одлучи да настапи. Таа имаше завој на коленото и претрпе тешка повреда, од која и денес ги чувствува последиците.Тагови: Линдзи Вон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговараПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаниФилипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста. „СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника. Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листаКанал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд. Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него. „Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter