ЖивотНеобичен феномен: Нови наоди за женката-крокодил која се оплоди без мажјакВо зоолошка градина во Костарика пред извесно време е забележан првиот случај каде што женка-крокодил се оплодила сама, без мажјак. Фетусот што излегол од јајцето е генетски речиси идентичен со мајката.Женката била чувана одвоена од другите крокодили. Фетусот по положувањето на јајцето бил целосно обликуван, но мртвороден, т.е. не се извел. Проучувањето на фетусот потоа трае веќе неколку години. Тоа, меѓу другото, посочува дека тој содржи 99,9 отсто од генетскиот материјал на мајката, што значи дека нема татко-мажјак. Појавата на партеногенеза, односно - тн. „девствено зачнување“ или самооплодување, постои кај некои видови птици, риби и влекачи, но никогаш претходно не е забележан кај крокодилите. Научниците велат дека оваа способност можеби е наследена преку еволуцијата, па можно е и диносаурусите да биле способни за самооплодување. Во научен труд на биолози од британското Кралско друштво, се наведува дека ваквите случаи на самооплодување можеби се и почести кај крокодилите, но истражувачите досега просто не побарале такви примери. „Не е невообичаено влекачите да несат јајца во изолација од другите единки од својот вид, но обично тоа се сметаше за неостварливо за крокодилите... Овие наоди посочуваат дека одржливоста на јајцето треба да се процени и кога мажјакот (крокодил, б.п.) е отсутен. Овој нов доказ нуди возбудливи сознанија за можните репродуктивни способности и на изумрените роднини на крокодилите, особено диносаурусите“, се вели во научно-истражувачкиот труд. Не е јасно зошто самооплодувањето се јавува кај повеќе различни видови, но тие сѐ почесто се посочуваат во научната литература, веројатно зашто истражувачите денес сѐ повеќе го испитуваат тоа поле. Според една теорија, посочуваат научниците, оваа способност ја имаат видовите кои се соочуваат со истребување, т.е. кога нивниот број се намалува во природата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook