Ненадејно починал млад кумановец, истражната постапка во тек - Канал 5

Ненадејно починал млад кумановец, истражната постапка во тек

 Млад кумановец вчера почина ненадејно во Kумановската општа болница откако примил терапија, информираа денеска од болницата, а случајот го потврдија и од СВР Куманово. 

Ненадејно починал млад кумановец, истражната постапка во тек

Триесет и двегодишниот кумановец се јавил во Kумановската болница поради стомачни болки. Пациентот починал во 11 часот вчера, обидите за реанимација биле неуспешни. Случајот е пријавен во Jавното обвинителство и СВР Куманово.

Од ОЈО Куманово денеска потврдија дека телото на починатиот е предадено на обдукција за да се испитаат причините за смртта. И комисија ќе испитува дали се испочитувани протоколите.

Директорот на болницата Стефан Трајановски денеска информираше дека пациентот прvo се јавил на дневна болница на хирургија, претходниот ден во вечерните часови за преглед за стомачни тегоби.

- Првин да изразам длабоко сочувство до семејството на починатиот. Дежурниот лекар хирург го прегледал. Аплицирана му била соодветна терапија. Пациентот си заминува и доаѓа во утринските часови, повторно да се пожали дека ги има тегобите. Ординирана му е соодветна терапија. Дадена му е соодветна терапија по повторениот преглед и по повеќе часови, значи некаде околу 07.00 часот утрото дојде на повторен преглед, а околу 11:00 часот дојден е да ја прими терапијата. По аплицираната терапија прашање било, од тоа што јас сум известен по неколку секунди настанува градна болка, веднаш е прекината терапијата. Веднаш била повикана и анестезиолошка служба целосна екипа-анестезиолог со двајца анестезиолошки техничари и е пристапено кон оживување. За жал, немало позитивен одговор на процесот на оживувањето, пациентот е прогласен за починат, изјави директорот на Општа болница - Куманово Трајановски.

Лекарите го известиле директорот, повикана била и полиција и обвинител. Пчната е истражната процедура за причината за смртта на младиот кумановец. Постапката, како што информираше Трајановски ќе оди службено, бидејќи веднаш се известени ОЈО и СВР Куманово. Во болницата ќе следи комисиски состанок со засегнатите во случајот за да се утврди дали се испочитувани протоколите.

- Од моите првични сознанија, интервјуа што ги имам направено со персоналот, со сите кои биле во контакт со пациентот реагирано е соодветно и навремено во согласност со протоколите. Но, подетално утре комисиски ќе ги разгледаме дали соодветно е реагирано во однос на протоколите кои ги имаме во болницата, изјави Трајановски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Трајановски рече дека и тој слушнал дека пациентот починал по алергиска реакција од аналгетик.

- Има такви шпекулации, сега кога веќе сме во истражна постапка ќе се одреди точно зошто е настаната оваа ситуација. Мене многу ми е жал, што навистина во овој траорен момент за целата нација по она што се случи во Кочани, сега и оваа смрт на млад човек, се случува вакво нешто, но ова е болница, овде луѓе се раѓаат и луѓе умираат и тоа е процес кој е секојдневен во нашата работа. Лошо е кога ќе се случи на еден млад човек, вели Трајановски.

Од полицијата потврдија дека на 17 март годинава во 11.35 часот во СВР Куманово од Општа болница Куманово било пријавено дека во болницата со влошена здравствена состојба бил донесен В.А.(32) од Куманово, по што му била дадена терапија, но по кратко време починал. По наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција, а полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и извршиле разговор со сите присутни медицински лица. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Се појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)

Минувачи го снимиле застрашувачкиот момент кога авион се урна во близина на аеродромот во близина на одморалиштето Хуа Хин во Тајланд.

Се појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)

Шест лица загинаа кога мал тајландски полициски авион се урна во морето, објави АП.

Авионот, според официјалните лица, бил на пробен лет како подготовка за обука за падобранство. Иако моделот на авионот не е официјално потврден, снимките од местото на несреќата покажуваат дека станува збор за авион од типот „Викинг ДХЦ-6 Твин Отер“ со пропелер.

Авионот се урнал во близина на аеродромот Хуа Хин, во покраината Прачуап Хири Кан, соопшти локалниот оддел за односи со јавноста.

Снимките што се појавија на интернет го покажуваат моментот кога предниот дел од авионот се урива во морето. Сè се случило на околу 100 метри од брегот.

Како што претходно беше објавено, сите загионати биле полицајци. Петмина од нив починале на самото место, додека шестото лице починало подоцна во болница.

Причината за несреќата засега е непозната. Властите собираат докази, вклучително и податоци од црната кутија на авионот.

Жерар Пике раскина со девојката со која ја изневеруваше Шакира

Жерар Пике (38), поранешен фудбалер на Барселона и поранешен сопруг на Шакира, раскинал со својата 12 години помлада партнерка, Клара Чија Марти, според шпанските медиуми.

Жерар Пике раскина со девојката со која ја изневеруваше Шакира

Како што објавува списанието „Марка“, шпанската новинарка Адријана Доронсоро го потврди раскинувањето во емисијата „Vamos a ver“. „Имам потврда дека Жерар Пике и Клара Чиа раскинале и моментално ги истражувам причините бидејќи добивам информации за можна вмешаност на трета страна, иако засега ништо не е јасно“, рече таа.

Пике неодамна се фотографираше со непозната жена?

Таа се осврна и на наводниот настан што ги предизвика првите гласини за раскинувањето. Имено, се пишуваше дека Пике неодамна бил виден во слаткарница во Мајами, каде што бил во друштво на непозната црвенокоса жена. Поранешниот фудбалер вообичаено го поминува времето на релацијата Барселона-Мајами, за што шпанските медиуми пишуваат дека е причина за раскинувањето.

Да ве потсетиме дека Пике ја запознал Шакира (48) во 2010 година за време на снимањето на нејзината песна Waka Waka, химната на тогашното Светско првенство. Тие ја потврдија својата врска една година подоцна. Го добија својот прв син во 2013 година, а вториот во 2015 година.

YouTube video

Седум години подоцна, тие ја изненадија јавноста објавувајќи го раскинувањето, среде гласините дека поранешниот фудбалер бил неверен. Недолго потоа, Пике започна врска со Клара Чиа Марти, додека Шакира неодамна беше поврзана со актерот Лусиен Лависконт, познат по улогата во серијата „Емили во Париз“.

Хорор во Италија: Со автомобил се забил во толпа среде прослава – има мртви и повредени (ВИДЕО)

Едно лице загина, а најмалку едно е тешко повредено кога автомобил влета во толпа луѓе во италијанскиот град Ланчано.

Хорор во Италија: Со автомобил се забил во толпа среде прослава – има мртви и повредени (ВИДЕО)

Трагедијата се случила по пладнево, за време на прославата на Денот на ослободувањето на Италија, објави Тг24..

Според првичните информации, автомобил прегазил неколку пешаци, а најмалку едно лице загинало. Несреќата се случила по настан на Плоштадот на мирот, во близина на споменикот на хероите, кога автомобилот со голем абрзина влетал во толпа луѓе.

Речиси сите учесници на настанот се упатувале кон Плоштадот за да ги продолжат комеморациите, кога одеднаш автомобил, управуван од постар маж, влезе на улицата со голема брзина и ги прегази луѓето.

Најмалку две лица биле фрлени во воздух од силината на ударот, а едно од нив, 81-годишен поранешен карабинер, починал на самото место. Меѓу повредените е и 68-годишна жена која претрпела повреди на главата и 'рбетот. Возачот на автомобилот, исто така, бил повреден, при што се здобил со повреди на главата. Сите повредени се од Ланчано.

Карабинери, пожарникари, брза помош и хеликоптер биле на местото на настанот...

YouTube video

Според првичните информации, не се сомнева дека станува збор за напад. Имено, зад воланот на автомобилот седел 80-годишен маж на кој, се чини, му се слошило додека возел. Откако ги прегазил пешаците, автомобилот удрил во друго возило, а потоа и во бетонска ограда, каде што застанал.

притисни ентер