3Стојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултати
ЗабаваНемало место во ресторан за Роналдо и Георгина, неговата реакција е хит Готвачот Дејвид Фиоре раскажа анегдота со Кристијано Роналдо.Дејвид е сопственик на ресторанот Casa Fiore, а неодамна за Tuttosport раскажа како славниот фудбалер еднаш дошол во неговиот ресторан. Тоа било кога Роналдо сè уште играл за Јувентус. Двојката имала резервации за вечера во Casa Fiore, но тие пристигнале порано отколку што резервирале. Ресторанот бил преполн и немало слободна маса за да седнат Кристијано и Георгина, па морале да почекаат некое време за да им биде достапно местото. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Ѕвездите како Роналдо ретко мораат да чекаат место во ресторан, но тогашниот фудбалер на Јувентус со семејството без жалење стоел во аголот на ресторанот и чекал некој од гостите да си замине за да дојде до маса. "Гостите останаа без зборови. Никој не зборуваше. А пред сѐ, никој не сакаше да замине. Беа фасцинирани од Роналдо. Го замолив да седне на масата за итни случаи, но како одминуваше времето, никој од ресторанот не стана и не замина“, изјави Дејвид Фиоре. "Кристијано не правеше никаков гест. Ниту Георгина, ниту неговиот син. Сфатив дека Роналдо и покрај тоа што е светска ѕвезда и најдобар фудбалер на светот, пред сѐ е пристојно момче. Можам да ве уверам, сум видел луѓе далеку помалку познати од него како заминуваат по пет минути, многу арогантно, во слични ситуации. За таа маса чекаше околу 40 минути“, додал готвачот. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Иако поради Јувентус остана неколку години во Италија, на Роналдо изгледа не му е доста од таа земја. По завршувањето на една сезона во Саудиска Арабија, тој повторно дојде во Европа со семејството на одмор. Папараците неодамна ги снимија на јахта во близина на Сардинија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција.По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 Октомври“, кој ќе биде новото седиште на СВР Скопје. Започнавме и со подготовка на документацијата за нов објект на Полициската станица Кисела Вода. Истовремено, инвестираме и во реконструкција на полициски центри и службени објекти низ државата, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници и ги зајакнуваме капацитетите на Министерството. Затоа што современата полиција не се гради само со нова опрема, туку и со современа инфраструктура, достоинствени услови за работа и институции кои се подготвени да одговорат на потребите на граѓаните. Продолжуваме да инвестираме во полицијата, затоа што подобри услови за работа значат поголема безбедност и поквалитетна услуга за секој граѓанин.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Политичката изолација што ја создаде Мицкоски води кон економско пропаѓањеВо текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. По најавата за така наречениот „супер вторник“, тоа е следниот вторник, на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји-членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавја. Ќе се отворат кластери за преговори за Украина и за Молдавија, ќе се затворат повеќе поглавја, две односно три, за Црна Гора и Албанија. Притоа, со конкретни чекори Европската Унија кажува дека проширувањето е високо на листата на приоритети во нивната агенда. А притоа, и за време на последната посета на еврокомесарката Марта Кос, која јасно, гласно и недвосмислено кажа дека треба Македонија јасно да каже дали останува на европскиот пат, очигледно е дека, благодарение на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ние на тој пат повеќе не сме. Очигледно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се справи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, а тоа е членството во Европската Унија. Заложници сме на неговата некапацитетност да изгради државна стратегија за тоа како ќе станеме земја-членка на Европската Унија. Заложници сме на лагите со кои тој дојде на власт и сега со истите лаги останува на власт. Тоа што не ни бега и што е очигледна иднина на оваа држава, која во овој момент ја води Христијан Мицкоски, е очигледната изолација. Кога има сè повеќе информации и официјални извештаи на Европскиот парламент кои укажуваат дека има силно руско влијание во регионот, дека има центри во Србија на разузнавачките руски служби кои влијаат на земјите во регионот и го поткопуваат нивниот суверенитет и го забавуваат пристапувањето во Европската Унија, очигледно е дека една од тие земји во кои овие активности имаат резултат е Македонија. Остануваме надвор од сите европски текови, подложни на силно влијание на процеси кои му штетат на евроинтегративниот процес, кој со децении наназад е стратешка определба на нашата земја. Се поставува прашањето: гледаат ли граѓаните што се случува и каде и на кој начин Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја водат земјата? Иднината на државата е неизвесност. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш досега, кога никогаш досега немале поддршка земјите-кандидати да станат земји-членки на Европската Унија, меѓу другото и поради во овој момент многу карактеристичните геополитички и геостратешки придвижувања насекаде во светот, посебно во Европа, ние остануваме на страна. Остануваме под влијание на други земји кои немаат интерес регионот и Македонија да се интегрираат во Европа. Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во следниот седумгодишен буџет на Европската Унија се предвидени над 3 милијарди евра неповратни средства, додека ние се задолжуваме во милијарди евра од непознати кинески извори, со кој знае колкави камати, кои ќе ги враќаат следните генерации. Каде води тоа? Тоа води таму каде што веќе сега ги чувствуваме првичните резултати: пад на странските инвестиции, пад на индустриското производство, стагнација на платите, на просечната и на минималната плата, стагнација на платите во здравството, во образованието, стагнација на примањата во социјалните трансфери, несигурност кај пензионерите, затоа што не се знае и Владата не кажува што се случува со вториот пензиски фонд, кој треба да се менаџира за идните пензионери да примаат пари од таму. Напротив, се поткрева и кај нив сомнежот за тоа дали воопшто ќе има пари за исплата на пензиите. Понатаму, хаос во земјоделството, луѓе кои не можат да преживеат поради тоа што немаат доволно средства, немаат субвенции од државата, и сето тоа Владата на некој начин сака да го маскира со тоа што предлага еден ребаланс кој не е ништо друго туку бројки на хартија, кои никако нема да можат да се остварат, впрочем како што не се оствари ниту овој буџет што се носеше на почетокот на годината. Префрлување од едно место на друго, закрпување дупки, нешто од што ниту граѓаните ќе видат некаков бенефит, а уште помалку државата во целост, во контекст на остварувањето на стратешките цели. Притоа, единственото нешто што го прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единственото нешто во што е добар. За жал, граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука течат мед и млеко, но граѓаните знаат дека тоа не е вистина, затоа што фрижидерите и паричниците едноставно им се сè попразни. Следуваат тешки есенски месеци, во кои не се знае колкава ќе биде цената на струјата, што ќе покрене дополнителен бран на поскапувања. Политичката изолација носи економско упропастување на земјата. Со блокадата на европската иднина ризикуваме да останеме последни во регионот. Ризикуваме да останеме слепо црево на Балканот, на Европа, земја од која младите единствено ќе мислат како да се иселат, поради тоа што нема да имаат можности тука и ќе сакаат да живеат и да работат во нормални, европски, развиени земји. Очигледно е дека сме заложници на Христијан Мицкоски и на неговата криминална група, за која единствено нешто за кое работи се нивните лични интереси. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултатиИ покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност.Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти. Особено значајно е што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите кои најдиректно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и токму затоа овие бројки се најдобар показател дека мерките даваат резултати. Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за месец јуни. За споредба: - Македонија – 3,4% - Грција – 3,9% - Хрватска – 4,5% - Бугарија – 5,6% - Словенија – 3,6% - Турција – 32,1% И податоците од соседните земји кои засега имаат објавено статистика за мај покажуваат дека Македонија останува помеѓу државите со најниска инфлација во регионот. Дека во многу држави инфлацијата останува сериозен предизвик е јасно, но во Македонија се покажува дека со одговорни политики, навремени мерки и стабилно економско управување може да се заштити животниот стандард на граѓаните. Фактите и бројките се најсилниот одговор на сите обиди за создавање лажна слика за економската состојба. Владата ќе продолжи со политики кои обезбедуваат стабилни цени, поддршка за граѓаните и силен економски раст. Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter