Нема веќе термини за приоритетни упати на интерните клиники и за Кардиологија - Канал 5

Нема веќе термини за приоритетни упати на интерните клиники и за Кардиологија

Нема термини за итни и приоритени пациенти на интерните клиники и клиниката за кардиологија, реагираат од Здружението на приватни лекари. 

Нема веќе термини за приоритетни упати на интерните клиники и за Кардиологија

Доктор Лилија Дервишова објаснува дека од минатата недела голем дел од болниците од интерна медицина и кардиологија ги блокирале барањата за итни упати. Дел од пациентите иако редовно плаќале здравствено осигурување биле принудени да се лекуваат приватно.

„И минатата недела и оваа недела нема термини. На пример пацинет кој доаѓа за термин за преглед нема термин. Навистина МОЈ ТЕРМИН треба да контролира. Не може да нема ниту еден термин. Овие луѓе редовно плаќаат здравствено осигурување“, д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на приавтни лекари.

Дервишова вели дека целта на Мој Термин е да има електронска евиденција и брза реакција за закжување на термини кај пациенти кои имаат потреба од тоа. За матичните доктори е поразително што секој нов министер почнува од почеток и никогаш нема континуитет во подобрување на системот.

„Нон стоп има промена на министри, никој не продолжува од претходно. Ние немаме напредок, навистина МОЈ ТЕРМИН треба да функционира за сите нас, а не, да не блокираат“, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на приватни лекари.

Канал 5 побара став и од системот МОЈ ТЕРМИН од таму објаснуваат дека поради различни прични до управата за електронско здравство се доставуваат барања за поставување привремени забрани за упатување пациенти вклучително и итни случаи. Спред МОЈ ТЕРМИН тука спаѓаат:

-Времено реновирање или затворање на дел од установата

-Отсуство на лекар или намалени капацитети

-Почитување на правилата за упатување согласно законската регулатива (на пр. за одредени специјализирани клиники на терциерно ниво – не е дозволено директно упатување од матичен лекар)

Исто така упатуваат дека итните пациенти може да се обратат и до урегнтниот центар 24/7. Од матичните докотори апелираат дека треба да има повеќе термини во болници каде што има и над 60 специјалист, а нема термин за преглед.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови линии улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

Нови линии улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

Инсталирани се нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во н.м Илинден, во должина од 450 метри, на патниот правец Бујковци – Мршевци во должина од 470 метри, на дел од улицата „500“ во должина од 120 метри. Дополнително, осветлени се потегот од Спортската сала „Гоце Делчев“ до СОСУ „Илинден“, улицата од плоштадот кон СОСУ „Илинден“, паркинг-просторот на училиштето, како и улицата и паркингот кај детската градинка, во должина од околу 450 метри.

Со поставувањето на новото ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста и безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот, а истовремено се обезбедува поекономично, поефикасно и поодржливо функционирање на системот за јавно осветлување.

Паралелно со поставувањето на нови линии, екипите на ЈКП „Илинден“ континуирано работат на докомплетирање на постојната мрежа за јавно осветлување со санација на оштетените светлосни места, при што се заменуваат дотраените светилки со нови, современи ЛЕД рефлектори.

Општина Илинден останува посветена на континуирани инвестиции во јавната инфраструктура, реализирајќи проекти што придонесуваат за создавање побезбедна, поуредена и енергетски поефикасна животна средина за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% 

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот за 2,183%, кај екстра лесното масло за 1,907% и кај мазутот намалувањето е за 4,388%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%.

Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,796 ден/кг и сега ќе изнесува.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2026 година. Трговците на

големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни

нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Од утре до сабота променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи

Според Управата за хидрометеоролошки работи од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. 

УХМР: Од утре до сабота променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер