Нема веќе непоразени во машката ракометна Лига на шампионите - Канал 5

Нема веќе непоразени во машката ракометна Лига на шампионите

Со поразот на Веспрем на гостувањето кај ПСЖ синоќа во дербито на А групата од машката ракометна Лига на шампионите нема повеќе непоразени екипи.

Нема веќе непоразени во машката ракометна Лига на шампионите
Ова беше дуел од 6.коло, а на лидерските позиции со скор пет победи и еден пораз се македонскиот првак Вардар (Б група) и ПСЖ.

Воедно со триумфот на Бешикташ над ППД Загреб нема екипа без победа.

А група: Кил – Цеље 35:32, Бешикташ – ППД Загреб 32:30, ПСЖ – Веспрем 29:27, Висла – Флензбург 30:34.
Табела: ПСЖ 10 бодови, Веспрем 9, Кил 8, Флензбург 8, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 2.

Б група: Кристијанштад – Рајн Некра Ловен 32:29, Вардар – Киелце 34:24, ПИК Сегед – Монпеље 28:27, Барселона – Колдинг 28:25.
Табела: Вардар 10, Барселона 9, Рајн Некар Ловен 7, Килеце 6, ПИК Сегед 6, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.

Ц група: Чеховски Медведи – Татран Прешов 29:28, Мешков Брест – Порто 34:27, Ла Риоха – Војводина 31:22.
Табела: Ла Риоха 10, Мешков Брест 8, Порто 8, Чеховски Медведи 4, Војводина 4, Татран Прешов 2.

Д група: Мотор – Елверум 33:30, Скјерн – Кадетен Шафхаузен 25:29, Металург – Баја Маре 21:23.
Табела: Скјерн 8, Мотор 8, Баја Маре 8, Кадетен Шафхаузен 5, Металург 4, Елверум 3.

Следното коло се игра во периодот од 11 до 15 ноември. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер