Нема веќе криење на заработки од странство

Веќе нема никакви дилеми дека измени на законот за банки се прават за УЈП да има целосна контрола на приливите од странство и а тој начин да ја сопре даночната евазија.

Доколку граѓаните досега ги пријавувале сите приходи согласно законот, нема да имаат никакви проблеми со новиот закон, смета економистот Горан Рафајловски.

Главната грижа кај граѓаните е дали ќе бидат даночени и парите испратени до роднините во дијаспората. Рафајловски објаснува:

Од УЈП велат дека законот во поглед на приливите од странство нема да се менува. Законот е ист 10 години. Разликата е што досега имаше начин како граѓаните да не ги пријават, а УЈП да не знае дека постојат.

Дополнителен проблем нема да имаат ниту граѓаните кои работат во странство, а живеат овде, вели Рафајловски - доколку ги оправдале своите приходи, бидејќи земјава со повеќе држави има склучено договор за двојно оданочување.

Рафајловски вели дека ова е пракса во повеќето држави. Сите одат во тој правец- да се знае потеклото на парите, од каде доаѓаат и што значат.

Едно истражување на Фајненс тинк покажува дека 2% од населението меѓудругото преживува и со дознаки од роднини од странство.

Додека според неофицијални податоци, македонските иселеници на сметките на роднините годишно во просек префрлуваат една и пол милијарда евра.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер