3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МакедонијаНема токсичен и радиактивен отпад во италијанските контејнери во Бургас, заклучи бугарското обвинителствоНеусогласеност меѓу наведеното во документацијата на контејнерите и нивната содржина е утврдена до моментов, соопшти обвинителството во Бургас .Компанијата „Блацион" ООД, со чие сопствеништво се поврзуваат Блаже Игнатов и Горан Ангелов, извршила нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад. Оттаму, како што јави БГНЕС, додаваат дека отпадот не е радиоактивен или токсичен. -Отпадот откриен во контејнерите не е радиоактивен или токсичен, уверуваат од Обвинителството, но наведуваат дека контејнерите со италијански отпад, кои биле задржани на пристаништето во Бургас, биле наменети за фирма во Плевен. Оваа информација, не се поклопува со изјавата на управителот на компанијата „Блацион" Горан Ангелов која го увезла отпадот. Според него отпадот бил наменет за ТЕЦ „Бобов дол", јавува БГНЕС. Ангелов во изјава за МИА посочи отпадот доколку добие дозвола ќе се пренесе во ТЕЦ „Бобов дол" или ќе се врати повторно во Италија. Игнатов пак за МИА изјави дека отпадот од пристаништето во Бургас требало да биде пренесен во Термоцентралата „Бобов дол", но откако пристигнал отпадот, на бугарската ТЕЦ и истекла лиценцата за горење на отпад. Игнатов за МИА додаде дека станува збор за пластика и гуми и оти тоа што е пронајдено – текстил, дрво, стакло, како што посочија од бугарското Обвинителство, е дозволено. Потенцираше дека тоа ќе го докажат и експертите откако ќе го испитаат отпадот. Обвинителството во Буграс почна истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во Бургас. Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови. Истрагата продолжува, се земаат примероци од сите контејнери, ќе биде побарана меѓународна потерница за истрагата, бидејќи контејнерите доаѓаат од Италија. Со демант во врска со информациите што деновиве протекоа во дел медиумите за увоз на отпад од Италија во Бугарија излезе и фирмата „Блацион". – Друштвото „Блацион" е посредник, а не производител на отпадот и за тоа поседува соодветна лиценца. Производителот на отпадот е тој кој е одговорен за квалитетот на отпадот и одговара за тоа како го декларирал. Категорично ги демантираме сите други шпекулации со кои се поврзува нашата компанија во врска со овој случај и натаму нема да толерираме дезинформации кои го уриваат реномето на нашата компанија и затоа ќе преземеме соодветни правни мерки, се вели во демантот објавен од управителот на „Блацион" Игнатов. Во демантот се додава дека изутрината од Јавното обвинителство на Бургас соопштиле дека по извршените контролни анализи на предметниот отпад категорично тврдат дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаСтартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.Од денеска стартуваат задолжителните обуки за граѓаните кои сакаат да управуваат со мотоцикл до 125 кубици. МВР ги појасни условите откако во јавноста особено кај младата популација се создаде впечаток дека лесно ќе може да се вози мотоцикл. Оваа обука е задолжителна и се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, но не и помлади. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија. Од МВР додаваат и дека доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. Инаку правилникот е дел имплеметацијата на законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои Собранието ги усвои во април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПроблеми со Фејсбук и ИнстаграмКорисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид. Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците. Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете. Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.Тагови: Инстаграм Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНоќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син, а потоа со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка. На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.П.(35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди. На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител. На 11.06.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Н.(39) од Куманово затоа што околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син. На 11.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook