Нема работа, а ужива во луксуз (видео) - Канал 5

Нема работа, а ужива во луксуз (видео)

„Не сакам животот да го потрошам во канцеларија, никогаш повеќе нема да работам“ 

Нема работа, а ужива во луксуз (видео)

Дваесет и двегодишната Емили е корисничка на Тикток која краток период се обидувала да оди на работа од 9 до 17 часот во Лондон, но не успеала. Во видеото на оваа социјална мрежа, таа вели дека сака да запознава нови места, кои во Лондон ги има многу, наместо да оди на работа во колектив каде работничките се многу „бизарни“.

- Една од работничките дури ме контактираше да ме праша од каде имам пари за скапа облека и начинот на живот. Не сакав животот да ми помине меѓу четири ѕида во некоја канцеларија каде ќе чмаам од 9 до 17 часот секој ден. Невозможно е животот да е таков, секој ден да одиш на работа и да чекаш да умреш, затоа ја напуштив работата. Сега ги минувам деновите во шопинг, пливање и посета на спа центри. Работев цели 5 години, си ја одлежав „затворска казна“ и никогаш повеќе не сакам да се вратам на работа – објаснува оваа тиктокерка на нејзиниот профил, каде ја следат околу 7.000 луѓе.

Клучниот момент што ја натерал оваа госпоѓица да даде отказ бил тој што по повод божиќните празници побарала слободни денови од својата шефица за да оди на Барбадос, каде живее нејзиниот татко, но таа ја одбила.

-Никогаш во животот за Новогодишната ноќ, или Божиќ не сум била без мојот татко и никој нема право да ми го забрани тоа. Освен тоа, откако ја напуштив работата, имам повеќе време за себе, за моите хобија, како готвењето. Исто така, секој ден се гледам со најдобрата пријателка, постојано излегувам во ресторани и запознавам нови луѓе и нови места кои Лондон ги има многу. Не зажалив што ја напуштив работата – објаснила оваа дама, а за неа пишуваше и британски Сан.

Нејзиниот профил на Тик-Ток е полн со скапа брендирана облека, а предначат чантите „шанел“ и „биркин“. Многу нејзини придружници во коментарите прашале како е можно оваа девојка да живее во центарот на Лондон, да не работи никаде и да си дозволи таков луксузен живот кој вклучува ручеци во ексклузивни ресторани, патувања и најскапа гардероба.

- Посакувам и јас да можев да си дозволам да не работам, навистина си благословена.

- Сето ова е убаво, но како успеваш да си го дозволиш ова, а да не работиш?

- Многумина од нас сонуваат за ваков начин на живот, но за повеќето луѓе тоа е недостижно!

- Многумина од нас не можат да си дозволат вакво ниво на луксуз, едноставно си имала среќа.

- И јас би го правела сето ова кога би можела, но многумина од нас мораат сами да си ги плаќаат сметките.

@yourfatherem

Everyone asks me what I do all day now I’ve decided to stop working 😂

♬ Thang For You - Rylo Rodriguez

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 29. јули 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 29. јули 2026 година.

Дневен хороскоп за 29. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени.

Кариера

Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето.

Кариера

Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате добро во својата кожа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома.

Кариера

Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба.

Кариера

Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив.

Кариера

Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова.

Кариера

Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место.

Здравје и совет

Бидете мудри.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина.

Кариера

Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила.

Здравје и совет

Издржете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа.

Здравје и совет

Радувајте се . Имате зошто.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа.

Кариера

Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Едноставно верувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате.

Здравје и совет

Ќе ширите позитивна енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рецепт за највкусни галети што мирисаат на детството – Меки, сочни и готови за час!

Постапката е едноставна, а успехот загарантиран.

Рецепт за највкусни галети што мирисаат на детството – Меки, сочни и готови за час!

Постапката е едноставна, а успехот загарантиран.

Галети се оние колачиња што се прават брзо, а дома прават атмосфера како да е недела попладне. Крцкави однадвор, меки однатре со благ мирис на ванила, одлични за со кафе, чај, млеко, или како слатка ужина што ја сакаат и децата и возрасните.

Најубави се додека се сè уште топли, a нивната предност е и во тоа што може да стојат неколку дена, само треба да ги чувате во кутија со капак. Ако сакате едноставни рецепти без многу состојки, ова е вистинскиот избор за вас.

Состојки:

4 јајца

200 грама шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

200мл масло

200 мл млеко

500 грама брашно

1 кесичка прашок за печиво

прстофат сол

Рендана кора од лимон, по желба

Подготовка: Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане светла и пенеста. Додајте масло и млеко, па продолжете да матите додека смесата не се соедини. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Сувите состојки постепено додавајте ги во смесата со јајца и мешајте полека. Ако сакате посвеж мирис, додајте малку кора од рендан лимон.

Смесата треба да биде погуста од смеса за палачинки, но не премногу тврда. Ако ви делува ретко, додајте уште една - две лажици брашно. Ако е премногу густа, истурете малку млеко. Апаратот за вафли добро загрејте го и полека намачкајте го со масло пред првата тура. Истурете една поголема лажица од смесата во средина на калапот, затворете го апаратот и печете неколку минути додека вафлите не поруменат. Времето на печење зависи од апаратот, најчесто се доволни 3 до 5 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горан Герасимовски во „Вести плус

Вечерва во „Вести плус“ гостинка ќе биде Горан Герасимовски

Горан Герасимовски во  „Вести плус

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер