3Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
Шоу бизНема повеќе „плеткање“ во бракот на Вил Смит и неговата сопруга ЏејдаВо пресрет на 28-то годишно доделување на наградите SAG (Здружение на филмски актери) во недела вечерта, репортерката на „Е!“, Лаверн Кокс, реши да ги направи работите малку поинтересни кога доби момент со Вил Смит и неговата сопруга Џејда.Додека разговараше со познатиот пар, Кокс не можеше да се воздржи и да не праша за „пукнатините“ во нивниот брак: -Ви благодариме за сите години на радост што ни ги донесовте. Едвај чекаме уште „Разговори на црвениот тепих“ и уште... заплети, на што ѕвездата од серијата „Портокаловата е новата црна“ гласно се насмеа. Џејда Пинкет Смит само кратко одговори: -Нема повеќе! Will Smith: “I shower, and put on whatever is on the bed.” Jada: “No more entanglements” 😐#SAGAwards pic.twitter.com/Cu6pDgsHDz — chpa (@4chpa) February 28, 2022 Џејда, актерка и водителка на шоуто „Red Table Talk“, во 2020 година откри дека започнала врска со пејачот Аугуст Алсин, додека била разделена од сопругот, а тоа го нарече „заплет“. Очигледно Вил Смит не ѝ бил верен на сопругата, а веќе подолго време се зборува за нивниот необичен брак. Во интервју за GQ, актерот изјави дека има отворен брак со сопругата и дека не сакаат да живеат во моногамија. Во неделата вечерта, Вил Смит ја доби наградата SAG за главна машка улога, која ја оствари во филмот „Кралот Ричард“, каде го играше таткото на тениските суперѕвезди Венус и Серена Вилијамс. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТОПоранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани објави дека ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на земјава во НАТО.Тој е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминаа на владина седница во февруари годинава.. -Нова должност, иста одговорност. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба –Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во нато носи и привилегија и одговорност, напиша Муртезани во објава на фејсбук..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаВработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиентиВработен во банка во Гевгелија доби кривична пријава бидејќи со месеци неовластено пристапувал до сметките на двајца клиенти и присвоил речиси 150.000 евра.„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката“, соопшти МВР.Тагови: МВР, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава. Тоа е вистинското лице на оваа криминалната власт. ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница. И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот. Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно: Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар? Зошто документите се кријат од јавноста? Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење? Криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните. Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно. Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени? Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа. Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода. Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема. Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема. Само изјави, контрадикторни информации и „чувства“. Граѓаните на Гостивар не бараат славење, партиски прослави и здравици. Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност. Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00