Нема опасност за излевање на Вардар, уверуваат хидрометеоролозите - Канал 5

Нема опасност за излевање на Вардар, уверуваат хидрометеоролозите

Иако дождот кој не престанува да паѓа со денови, а ќе продолжи и понатаму ги наполни речните корита, опасност од поплави засега нема, уверува хидрометеорологот Атанас Угрински.

Нема опасност за излевање на Вардар, уверуваат хидрометеоролозите

Состојбата со надојдениот Вардар вели се следи во чекор, нивото е повисоко во полошкиот регион, но без можност за излевање. Што се однесува до главниот град, кој има двојно корито на Вардар, Угрински вели дека е безбеден за што придонела регулацијата на најголемата закана за Скопје – реката Треска.

-Изградбата на акумулацијата Козјак, тоа е првата од трите каскадни на река Треска, во 2003 година, со волумен од 550м кубни, една од трите најголеми во Македонија, мислам дека и најголема според волумен, со која се ревенираат поплавните бранови кои што доаѓаат од река Треска и кои што биле едни од главните причинители на поплавите во 1962 и 1979 година. Така што сметам, прво со регулацијата и второ со изградбата на акумулацијата Козјак во значителна мера е намалена опасноста и ризикот од поплавување од реката Вардар во централното градско подрачје,- -Атанас Угрински – УХМР – Раководител.

Откако се „смири напонот“ на Лепенец, веднаш се смири и најголемата река во државата, но коритата не се најголемата главоболка во главниот град.

Ова корито може да издржи многу поголем притисок, а нивото на водата веќе и се намалува, рак рана на главниот град останува атмосферската канализација.

За да се надмине проблемот со атмосферската канализација ќе бидат потребни децении, оти во Скопје нема ниту една третина од градот не е покриен со ваквов тип на канализација... нешто за што во изминативе 30, па и 50 години се инвестирало многу малку, вели државниот советник во ЦУК – Драги Тарчуговски.

-Прибирањето на атмосферските води во градските средини, тоа е рак рана на сите градови градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје. Димензионирањето и изградбата на подземна атмосферска канализациска мрежа за атмосферски води во Скопје е минимално и го има на мал дел од територијата на градот. Тоа е процес кој што треба да трае со децении, не би рекол со години, со децении за да се направи целосна атмосферска канализациска мрежа во Скопје. Тоа е долг процес, треба многу инвестирање, а кај нас во изминатите 50 години инвестирано е малку, помалку од третина од градот има атмосферска,- Драги Тарчуковски – Државен советник во ЦУК.

Дождот се очекува да потрае до крајот на оваа, а од почетокот на наредната недела времето ќе биде променливо, но постудено на ниво на целата држава и во Скопје, велат од УХМР..

-Во Скопје и околината ќе се задржи променливо облачно време се до недела, со тоа што ќе имаме локални врнежи од дожд во делови од котлината, повремено и поројни со услови на појава на грмежи особено во Сабота.- Јулијана Фиданоска Мишкоска – Синоптичар – УХМР.

По најавите за новите врнежи, од ЦУК велат дека екипите на терен веќе ги санираат критичните точки со механизација за да се овозможи непречен тек на реките. Единствено минорно излевање кое беше забележано изминативе два дена беше на реката Пчиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Бројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда.

На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена.

Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС.

Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер